13

4 ФЕВРУАРИ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ – „ОБЕДИНЕТИ ВО НАШАТА УНИКАТНОСТ“

Скопје, 4 февруари 2025 – По повод Светскиот ден за борба против ракот, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) ја повикува Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство итно да ја зголемат поддршката за превентивни програми за рана детекција и спречување на малигни заболувања.

Анализите покажуваат дека превентивната здравствена заштита во земјата не е приоритет. Буџетските средства за превенција се намалуваат, при што во 2024 година изнесуваа само 590 милиони денари, додека за 2025 година се предвидени 651 милион денари. Сепак, загрижувачки е што во последните години, со ребаланси, овие средства често се кратат.

Особено алармантна е состојбата со скринингот на ракот на грлото на матката, кој иако е воведен од 2012 година, не овозможува соодветна превенција. За успешен скрининг е потребно да бидат опфатени најмалку 75% од жените, но во 2023 година биле тестирани само 11% од целната група. Недоволната распределба на финансиски средства (само 11 милиони денари годишно), недостигот на гинеколози во 40 општини, како и проблемите со електронското пријавување, ја загрозуваат ефективноста на програмата.

Поради тоа секоја година од рак на грло на матка заболуваат околу 200 жени, а во изминатите години, секоја година умираат помеѓу 40 до 60 жени од рак на грло на матка. Сите овие смртни случаи можат да се спречат доколку имаме добро организиран и соодветно финансиран скрининг на рак на грлото на матката, како и соодветен опфат со ХПВ вакцинација на младите.

ЕСЕ бара итно зголемување на средствата за скрининг на рак на грлото на матката на минимум 35 милиони денари годишно, подобра достапност до гинеколошки услуги, зголемена вакцинација со ХПВ вакцина и спроведување на сеопфатни здравствени едукативни кампањи.

Превенцијата спасува животи! Борбата против ракот мора да биде врвен приоритет за здравствените политики во земјата.

04-ти Февурари – Светски ден за борба против ракот – https://www.worldcancerday.org

Работата на полето на унапредување на скринигот на ракот на грлото на матката е спроведено во рамките на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ во рамките на програмата Цивика Мобилитас со поддршка од Швајцарската агенција за развој.

Содржината на ова соопштение е единствена одговорност на Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

                                                           

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • BOOST проектот ја зајакнува граѓанската иницијатива низ Западен Балкан

    BOOST проектот, регионална иницијатива предводена од ALDA и финансирана од Agence Française de Développement (AFD), постигнува значајни резултати во зајакнувањето на граѓанското општество низ Западен Балкан. Преку националната шема за подгрантови, BOOST избра по десет влијателни проекти во секоја од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна…

  • Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

    Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]
    The post Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025 first appeared on Metamorphosis.

  • Тркалезна маса – „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“

    Здружение на лица со цербрална парализа и други попречености – Велес, заедно со партнерските организации Порака Неготино и ЕкоЖивот – EcoLife – Кавадарци, во рамки на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизација“ спроведе анкета за испитување на јавното мислење за проблемите на семејствата на лицата со попреченост и можните решенија…

  • Bure-Cycle: Иновативно решение за одржлива урбана мобилност

    Reference No. MKD25_0010 – 01Времетраење на проектот: 1 септември 2025 – 31 мај 2026 Eco Logic ја претставува иницијативата Bure-Cycle, развиена со цел да придонесе кон одржлива урбана мобилност и подобрување на квалитетот на јавните простори преку принципите на циркуларната економија.Производот претставува модел на велосипедски паркинзи изработени од пренаменети метални буриња и искористени внатрешни гуми […]

  • Финален партнерски состанок и меѓународна конференција во Брисел – Завршуваме едно прекрасно поглавје на GEA!

    На 21 и 22 октомври го одржавме последниот партнерски состанок во рамките на проектот GEA, каде што заедно со партнерите ги сумиравме резултатите и заеднички ја заокруживме оваа трогодишна приказна на инспирација, учење и позитивни промени. Овој значаен настан се одржа во Брисел и беше збогатен со завршна меѓународна конференција, на која ги споделивме: ✨ […]

  • Успешно завршен четиридневниот StreetSmart Kick-off Training: Практика, знаење и нови можности за учење надвор од училница

    Четиридневниот StreetSmart Kick-off Training заврши успешно, оставајќи зад себе силна мотивација, нови идеи и јасна визија за примена на алатките за учење во заедницата. Тренингот, организиран во партнерство со Mobile School – StreetSmart, ни овозможи да стекнеме длабинско разбирање за едукативниот пристап, методологијата и потенцијалот на знамињата кои ја претвораат улицата во простор за учење. […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор