Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците

Собранието на Република Македонија да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците заради отстранување на проблемот со наплатата на нереално високи надоместоци за патни трошоци на пратениците

Транспаренси Интернешнл – Македонија и Центарот за економски анализи изразуваат длабоко незадоволство поради игнорирањето на препораките на Државниот завод за ревизија кои се однесуваат на воспоставената практика на пратениците за себе да прибавуваат финансиски надоместок за користење на приватно возило во службени цели кој не соодветствува со нивните реални трошоци. Поради тоа  го повикуваме Собранието на Република Македонија да направи измени во Законот за пратениците и подзаконските акти согласно препораките од извештаите на Државниот завод за ревизија.

Законот за пратениците предвидува право за членовите на Собранието на РМ да примаатнадоместок за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели, во висина од 30% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото кое се користи. Државниот завод за ревизија во извештаите за извршена финансиска ревизија од 2008, 2010 и 2016 година препорачал да се преиспита висината на надоместокот во насока на нејзино намалување со оглед на тоа што овие расходи се нереални и опфаќаат значителен дел од вкупните расходи на Собранието на РМ. И покрај тоа, Собранието сè уште нема постапено по препораките на Државниот завод за ревизија и понатаму на пратениците им исплаќа нереално високи надоместоци за патни трошоци со што значително го оптоварува својот буџет.

Транспаренси Интернешнл – Македонија и Центарот за економски анализи го повикуваат Собранието на РМ да постапи по препораките на ДЗР со цел да ја отстрани можноста пратениците да добиваат надоместоци за трошоци во висина во која всушност не се направени. Истовремено, го повикуваме Собранието на РМ конечно да го донесе Кодексот за етика на пратениците во Собранието на РМ. Со тоа ќе се постави рамка за етичко однесување на пратениците во ситуации кога одредено однесување иако е легално, не е етичко, како во овој случај. Со донесувањето на ваков кодекс Собранието истовремено ќе ја исполни и препораката на ГРЕКО од извештајот за усогласеност од четвртиот круг на евалуација, а кој меѓу другото се однесува на превенција на корупција меѓу членовите на парламентот.

Република Македонија пред себе има сериозен предизвик во обидот да се бори против коруптивното однесување на оние кои се избрани и именувани да работат во интерес на граѓаните. Затоа е недозволиво е речиси десет години да се игонорираат препораките на Државниот завод за ревизија. Работата на оваа институција е насочена кон детектирање на недостатоците во работата на институциите, а препораките во нивните извештаи даваат насока како да се делува за отстранување на тие недостатоци, Нивното игнорирање го прави залудно постоењето на ДЗР и ја саботира борбата против корупцијата. Затоа го повикуваме Собранието на РМ да ги донесе неопходните измени на регулативата и да воведе суштински промени во нејзиното сузбивање.

Со почит,

Тимот на ТИ-Македонија и ЦЕА

Соопштението во целост е достапно на на следниот линк

The post Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор