[Aggregator] Downloaded image for imported item #46752

Со Томче за туристичкиот потенцијал на Велес

На 3.4.2026 год. (петок) кај редовениот поддржувач на извиднички одред “Димитар Влахов“ и општествено одговорна компанија Гостилница “Снупи“ во рамките на снимањето на емисијата “Шопска Шоу со Томче“ учествуваше и нашиот старешина м-р Ангелче Гушев каде што покрај презентацијата на најквалитената храна во Велес, тој ја претстави туристичката понуда во Велес.

Тој на македонската јавност им претстави се што може да посетат во Велес како што е Костурницата, куќата на Кочо Рацин, куќата на Васил Главинов, куќата на Касапови, Малото мовче, езерото Младост, кањонот Пешти. На крај од разговорот како еден од најголемите поддржувачи на ликот и делото на Гемиџиите тој ја раскажа приказната на нашите сограѓани Гемиџиите и пловењето од Велес до Солун како една од најголеми туристички атракции во Велес.

The post Со Томче за туристичкиот потенцијал на Велес appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор