[Aggregator] Downloaded image for imported item #46931

Средба со граѓани од Гевгелија и од Богданци за главните локални проблеми

Демографскиот проблем на иселување на младите и стареење на населението, проблемите во здравството, екологијата и земјоделието беа меѓу главните теми што граѓаните од Гевгелија и од Богданци ги споделија со претставниците на Институтот РЕСИС.

Во Гевгелија една од главните грижи на граѓаните беше состојбата со здравството, при што особено се нагласуваше недостигот на педијатри и лекари специјалисти во болницата, како и запуштените амбуланти во малите места во околината што порано функционирале квалитетно. Дополнително, во разговорот преовладуваше проблемот со демографската криза, поради очигледното масовното иселување што значително ги загрижува граѓаните. Присутните изразија загриженост и дека земјоделството практично исчезнува, додека главен двигател на економијата во градот се казината. Помеѓу другите проблеми беше споменат и недостатокот на јавен превоз до Гевгелија од помалите околни населени места, недоволната еколошка свест кај населението и непристапноста до јавните институции за лицата со попреченост.

И во Богданци иселувањето на младите беше меѓу главните теми што ги оптоваруваат жителите. Тие нагласија дека постои голема потреба од грижа и поддршка за возрасните лица, кои често остануваат да живеат без своите деца во домовите. Дополнително во општината недостасуваат лекари специјалисти и биохемиска лабораторија. Граѓаните изразија незадоволство и од преголемата концентрација на енергетски капацитети во нивната близина, објаснувајќи дека буквално се опколени од ветерници, а се најавуваат и градби на фотоволтаични централи од кои Богданци не добива никакви конкретни придобивки. Меѓу другите теми што беа споделени со Институтот РЕСИС беа и честите пожари во околните шуми што се соголени и фактот дека во Општината не постои противпожарна служба. Граѓаните на средбата алармираа и дека регионалниот пат што ги поврзува со Гевгелија е небезбеден и дека треба итно да се постави банкина, која би помогнала да има помалку сообраќајни несреќи.

Собраните сознанија ќе бидат дополнително обработени и презентирани пред редакцијата на „Локал Актив“, составена од локални новинари и граѓански активисти, со цел дел од главните проблеми со кои се соочуваат жителите на Гевгелија и на Богданци да се обработат во истражувачки и аналитички приказни што ќе ја засилат видливоста на проблемите и ќе поттикнат институционални решенија.

Медиумот на заедницата „Локал Актив“ има за цел да го зајакне граѓанскиот ангажман и учеството во локалното владеење, да поттикне новинарско-граѓански сојузи за застапување локални проблеми, како и да придонесе кон медиумски плурализам и развивање на комуникациските права на ранливите групи.

Овие средби се дел од поширокиот циклус консултации што се реализираат во Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот Регион за потребите на подготовките на нови содржини на медиумите на заедниците. 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор