Рурална Коалиција ја подготвува политиката за родова рамноправност
На 01-ви и 02-ри октомври 2020 година Рурална Коалиција на on-line работилница дискутираше како да придонесе најпрво во своите редови, а понатаму и во рамките на секторот земјоделство и рурален развој кон унапредување на родовата еднаквост, но и социјална и економска инклузија на жените од руралните средини во општественото живеење започнувајќи од локалната заедница каде што се членки и самите и за чиј развој придонесуваат исто како и мажите.
Низ дводневната работилница беа поставени приоритетите, целите на самата политика како и главните активности на кои што Рурална Коалиција низ инклузивен и партиципативен процес на имплементација ќе работи со локалните здруженија – партнери и ќе придонесе кон родово-рамноправни рурални средини, но и отворање на процесите за креирање на родово-сензитивни политики и буџети како на локално така и на национално ниво.





![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47555](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/www-1.png)


