Рурална Коалиција ја организираше првата презентација за нивото на на дигитална писменост на локално

Рурална Коалиција ја организираше првата презентација за нивото на дигитална писменост на локално ниво

Во среда, на 17-ти март, 2021 година, Рурална Коалиција како дел од ИЦЕДА мрежата и организација која што ќе служи како локален центар за е-поддршка при користење на дигиталните услуги, ја организираше првата презентација за нивото на дигитална писменост на локално ниво во новите простории на центарот за е-поддршка во Кичево.

На презентацијата и промоцијата на работењето на центарот свое видување и ставови изнесоа и претставниците од локалната самоуправа кои што напоменаа дека треба да се вложува многу за да се достигне повисоко ниво на дигитална писменост, па и креирање на локални дигитални услуги, затоа што сеуште дури и вработените во самите општини повеќе преферираат комуникација во хартиена форма отколку електронски.

Од подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од Агенција за поддршка на развојот во земјоделството се согласија дека ваквата поддршка на локално ниво е повеќе и од добредојдена особено во периодот на објавување на повиците за финансиска поддршка во рамките на националната програма за рурален развој или пак ИПАРД. Исто така беше напоменато дека само со директен придонес и на граѓанскиот сектор ќе може да се забрзаат процесите и да се овозможи зголемена искористеност на е-услугите.

Рурална Коалиција во рамките на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА“ во наредните 15 месеци ќе работи на подигнување на дигиталната писменост во локалната заедница, а се со цел да ја зголеми довербата на граѓаните во институциите на системот особено во делот на електронската комуникација и електронското издавање на документи.

Гужвите пред шалтерите, збунетите граѓани, одењето од институција во институција, од шалтер на шалтер, доаѓањето во град од селата само за еден документ ќе се намалат само доколку локалното население биде запознаено но и едуцирано за можностите и начините за добивање на е-услугите, а со самото тоа пак ќе се придонесе директно кон остварувањето на Дигиталната агенда на нашата држава.

 Рурална Коалиција е една од трите организации од Северна Македонија која што стана дел од мрежата за “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, а го спроведуваф фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), ODK – Отворени податоци Косово (Косово), Академија за е-владеење (Естонија), ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност (Србија), HBO 35мм (Црна Гора) и Levizja Mjaft! (Албанија).

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор