Koalicija szpmz 11012017

Родовите разлики и сексуалното однесување кај младите во Македонија

Денес, во Холидеј Ин, Коалицијата СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ го промовираше истражувањето “Колку се еднакви и безбедни младите во Mакедонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства? – Податоци од HBSCM истражувањето со млади на 15 години “.

Резултатите од истражувањето ги претстави Лина Ќостарова Унковска, главна истражувачка, а збор на конференцијата зеде и Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалицијата СЗПМЗ.

Публикацијата се потпира на истражувачки резултати за сексуалните однесувања, интереси и заштита кај младите (15 год.) од Македонија, добиени со нивно директно учество во меѓународната лонгитудинална (HBSC) студија. HBSC Студијата e меѓународно истражување за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11 г., 13 г., и15 г.), кое се спроведува секоја четврта година, во 44 земји од Европа и Северна Америка.

koalicija-szpmz-11012017-2

Дел од клучните наоди презентирани од Лина Ќостарова Унковска укажуваат дека младите од Македонија не се безбедни и доволно подготвени за првите сексуални искуства и интимни релации. Нивната грижа за себе и за сопственото (сексуално) здравје е спорадична, ненавремена и со високи меѓуродови разлики, за сметка на девојчињата. Меѓуродовата диспропорција од 12:1 во пријавените сексуални искуства на момчињата и девојчињата, односно од 9:1 во употребата на кондом при првиот сексуален однос во групата на етнички Албанци/ки, е силна евиденција за родовата нееднаквост во однесувањата поврзани со сексуалното здравје кај младите во Македонија.

Особено се загрижувачки, како што посочи Ќостарова, податоците за родовата нееднаквост во сексуалното здравје и добросостојба. Имено, 15-годишните млади со рани сексуални искуства се со повисок ризик за нивното сексуално, ментално и психосоцијално здравје, од младите без сексуални искуства, при што и девојчињата и момчињата страдаат подеднакво, на родово „својствен“ начин. Додека сексуално искусните момчиња се понасилни од девојчињата, тие се и почести жртви на малтретирање и на сексуално вознемирување и напади. За разлика од нив, девојчињата своите први сексуални доживувања најчесто ги манифестираат низ чувствата на неадекватност и повлекување, со реакции многу почесто свртени кон себе (нервози, депресивни расположенија, самоповредувања, и идеи за самоубиство).

Меѓуродовите разлики укажуваат и на нееднаквости во поддршката што момчињата и девојчињата со рани сексуални искуства, во Македонија, ја добиваат од своите семејства и од врсниците. За разлика од момчињата, девојчињата се повеќе изолирани и препуштени самите на себе.

Истражувањето покажа и серија загрижувачки податоци за здравјето и искуствата на младите со хомо/бисексуална ориентација. Младите со изразена хомо и бисексуална привлечност (вљубеност) (според HBSCM наодите) се многу почести жртви на малтретирање во училиште, но и жртви на психичко и физичко насилство во домот, во споредба со нивните хетеросексуални врсници. Тие се речиси петпати почести жртви на сексуално вознемирување и полов напад , за што е многу веројатно дека најчесто немаат кому да се обратат. Голем дел од нив имаат намалена поддршка и разбирање од своето семејство и од родителите, а уште помала од врсниците.

На голем број индикатори на менталното и емоционалното здравје, младите со хомо и бисексуални склоности (вљубеност) се изложени на два и повеќе пати зголемени ризици, во споредба со хетеросексуалните врсници. Депресивните чувства на тага и безнадежност, со сериозни самоубиствени идеи, се меѓу највисоките ризици по живот, со кои се соочува оваа „невидлива“ група млади.

Како што посочи и Ќостарова, концентрацијата на ризици, психички нарушувања, ниската поддршка и депресивните и самодеструктивни идеи кај ЛГБТ младите во Македонија се доволно значајна евиденција, за таа да се игнорира, или да се препушти на исцелително-корективните и моралистички политики и решенија.

Земајќи ги предвид резултатите од истражувањето, беше посочено дека неопходни се интервенции во примитивната, ниско- образовна култура на заедницата. Промените би можеле да започнат со воведување на инклузивни, родово чувствителни образовни програми и практики во училиштата, со цел редефинирање на ставовите и начините на постапување, со зголемување на слободите на изразување и почитување на разликите. Односно, дека само со промени во образованиот систем заснован на истражувачка евиденција и добри практики, можеме да дојдеме до промени и вистински решенија.

Деталните резултати и податоци од истражувањето може да ги најдете овде.

Коалицијата СЗПМЗ е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор