Реализирана средба со Одделението за локален економски развој во општина Кичево
Во текот на вчерашниот ден остваривме средба со раководителот на Одделението за локален економски развој во Општина Кичево г-динот Дарко Белески и истата ја искористивме да го дефинираме текот на претстојните работилници за креирање на програмата за рурален развој и туризам која што за прв пат како таква ќе биде креирана во соработка со Рурална Коалиција и локалните чинители, а во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“
На средбата ги разгледавме изработените анализи за мапирање на локалитетите и бизнис можностите во Кичевскиот регион и реонот на Илинска планина што ќе ни бидат појдовна основа во изработката на програмата, а направивме и мапирање на засегнатите страни, се со цел процесот на креирање на програмата да го направиме целосно инклузивен, партиципативен и отворен за сите локални чинители во заедницата
Проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ го спроведува Рурална Коалиција, а е финансиран како подгрант во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи“, кој што пак се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ.
CNVP FoundationPrespa Ohrid Nature Trust – PONT#ruraldevelopment#ruraltourism
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/raf1-1018x1024-1-768x773.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44384](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mk-grc-mala.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44127](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/630311151_895856849832384_2455287352878253917_n.jpg)
![[aggregator] downloaded image for imported item #40356](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/web-page-cover-scaled-1-768x337.webp)
