[Aggregator] Downloaded image for imported item #50953

Реакција на МЗМП- Не смее да се укине законската рамка за контаминираните подрачја

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) реагира на предложените измени на Законот за животната средина, доставени до Собранието на 4 септември 2026 година, со кои се предвидува бришење на членовите 28-а, 28-б, 28-в и 28-г – одредби што ја воспоставуваат законската основа за идентификување, следење и санација на контаминираните подрачја.

Со нивното бришење се ризикува повторно создавање правна празнина во справувањето со едни од најсериозните еколошки проблеми во државата.

Во земјата постојат повеќе еколошки „жешки точки“, наследени од поранешни индустриски капацитети и рудници. Во Планот за управување со отпад за периодот 2021–2031 година се идентификувани седум вакви локации, меѓу кои ОХИС, Лојане и Југохром. И покрај одамна утврдените ризици, проблемот со најголемиот дел од овие локации останува нерешен. Југохром е конкретен пример зошто овие одредби се неопходни. Депонијата со шестовалентен хром во Јегуновце претставува ризик за почвата, површинските и подземните води. Во барањето кое што МЗМП ќе го испрати до пратениците се предупредува дека загадените води можат да го загрозат и изворот Рашче, од кој со вода за пиење се снабдува Скопје.

Токму за да се избегне несистемското постапување со ваквите локации, во 2022 година беа воведени законски одредби со кои се воспоставија правила за нивно идентификување, следење и санација. Тие предвидуваат и обврска во идните договори за концесија да се вклучи санација на контаминираното подрачје преку посебен план за ремедијација.

Со предложеното бришење се ризикува укинување и на оваа обврска, со што концесионерите би можеле да ги искористат економски исплатливите материјали, а проблемот со загадувањето повторно да остане на товар на државата и граѓаните.

МЗМП веќе предупреди на овие последици.

По објавувањето на Нацрт-законот на ЕНЕР во март 2025 година, доставивме коментари со барање да се задржат одредбите за контаминираните подрачја. На доставените коментари не добивме одговор.

Дополнително загрижува што предложеното бришење се вклучува во закон чие образложение се повикува на усогласување со Директивата 2014/52/ЕУ. Оваа директива се однесува на оцената на влијанието врз животната средина, додека предложеното бришење на одредбите за контаминираните подрачја не е поврзано со нејзиното усогласување.

*Фотографиите се преземени од Мета.мк и Трн.мк

The post Реакција на МЗМП- Не смее да се укине законската рамка за контаминираните подрачја appeared first on Myla.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

Продолжи со читање

  • Ја затворивме пловната сезона за 2026

    На 19.9.2026 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ се организираше средба и свечена вечера за учесниците на регатата и каде се разгледаа сите активности на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“. На средбата беше презентиран и финсискиот извештај на овогодинешната регата кој ќе биде и предаден во Општина Велес пред Градоначалникот на Велес,…

  • Реакција на Законот за лобирање: Здруженијата и фондациите мора јасно да бидат изземени од Законот за лобирање

    Ја поддржуваме потребата лобирањето во Северна Македонија да биде транспарентно, отчетно и јасно регулирано. Сепак, предложените измени на Законот за лобирање отвораат сериозно прашање за […]

  • Редовни контроли и еволуција на процесот на терен

    Изминативе денови направивме и теренски посети во останатите училишта во Општина Карпош со претставник од Одделението за животна средина од Општина Карпош, за да ја провериме состојбата со компостот во компостарите.
    Заклучивме, дека во некои од нив процесот сè уште трае и на компостот му треба уште малку време за целосно да се дооформи. Дадовме корисни совети за процесот и дискутиравме со директорите и наставниците како да се продолжи.

    Трпеливо чекаме наскоро, да ги „нахраниме“ и останатите училишни дворови со ова одлично природно ѓубриво!

    Со ова на дело се примени принципот на циркуларна економија — ефикасно претворање на отпадот во вреден еколошки ресурс, истовремено создавајќи поздрава, поубава и похумана средина за престој и едукација на децата и граѓаните.

    Оваа активност се реализира со силна поддршка од Општина Карпош, која во континуитет го поддржува и го унапредува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните дворови.

    Преку ваквите проекти, заеднички покажуваме висока еколошка одговорност и поставуваме позитивен пример за идните генерации.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор