Разликата меѓу вистинското и лажно новинарство

Новинарството стана предмет на јавна анализа како никогаш досега во моите четири децении во професијата. Претседателот Трамп ги нападна таканаречените „лажни вести“ и се обиде да го делегитимизира „watchdog“ известувањето со таков жар кој ги прави обидите на Претседателот Ричард Никсон бледи во споредба. Washington Post и New York Times започнаа една од поголемите војни на весниците на денешницата во нивната решеност да ги обелоденат лагите и злоупотребите на администрацијата.

Често ме прашуваат, преку мејл и на јавни настани: Како Американците да го дефинираат „вистинското новинарство“ и да го разликуваат од „лажните вести“? Кои се стандардите на автентичното новинарство? Како снабдувач и потрошувач на вести, еве шест области кои треба да се разгледаат:

  1. Протечени информации и анонимни извори

„Може никогаш повеќе да не се случи уште едно Длабоко грло“ доколку на новинарите не им се дозволи да го заштитат идентитетот на нивните извори, рече републикански конгресмен од Индијана во интервју по телефон во јули 2007 година за легислативата која ќе им даде таква гаранција на новинарите. Неговото име е Мајк Пенс, сега потпретседател во администрација која е бесна на протекувањето на информации.

Еве ја реалноста: многу стории за владини злоупотреби едноставно не би биле можни без анонимни извори. Ова е мојот стандард: Новинарот мора да ја измери автентичноста и мотивацијата на изворот и – подеднакво важно – да ги поткрепи информациите и а други начини. Мејнстрим новинските организации ги вклучуваат тие услови и бараат од уредникот да го знае идентитетот и да го оцени кредибилитетот на изворот пред да ја одобри сторијата. Во случаи кога се работи за националната безбедност, поголемите новински организации рутински им даваат на владините функционери можност да ги означат деталите кои би можеле да загрозат разузнавачки или воени операции.

Што се однесува до предлогот на Белата куќа на Трамп дека ваквите анонимни протечени информации не се чесни и го поткопуваат националниот интерес, размислете за тоа како мејнстрим медиумите ја разобличија дволичноста на оваа администрација. Дали на Американците навистина би им било подобро доколку не знаат дека Трамп им кажал зад затворени врати на своите руски гости дека го отпуштил Директорот на FBI Џејмс Коми… или дека или дека состанокот на Доналд Џуниор со Русите бил со цел да понуди потенцијално нелегална размена на иформации за оцрнување на Хилари Клинтон… или дека адвокатот на Трамп катастрофално погрешил во тврдењето дека претседателот немал ништо со составувањето на наведувачката изјава за состанокот? Само пред некој ден Американците дознаа – преку протечен запис – дека претходните известувања за „непријатен телефонски разговор“ помеѓу Трамп и австралискиот премиер, кои Трамп ги исмеа како „лажни вести“, биле всушност точни.

Нашето право да знаеме што луѓето на власт прават понекогаш бара анонимност на изворите. Инаку, оставени сме на милост и немилост на таканаречените јавни службеници кои сакаат да ја спинуваат или измислат вистината.

  1. Слепи цитати

Додека анонимните извори можат да бидат критични за обезбедување на фактите на сторијата – преку набавка на документи или прераскажување на таен состанок – мене ме мачат цитати без извор кои се еднакви на мислење или шпекулација. Белата куќа на Трамп е мета на многу такви „слепи цитати“ во ова кратко време на власт.

Свирам фаул: Како читател или гледач, сакам да знам кој „висок функционер од Белата куќа“рекол нешто и зошто. Познато е дека самиот претседател побарал да биде нарекуван „висок функционер во администрацијата.“

Користењето на слепи цитати е епидемија во националните медиуми. Гледам како повремено се вовлекува и на нашите страници. Особено е загрижувачки да се види неименуван извор кој задава низок удар некому. Тоа само го нарушува нашиот кредибилитет кај и онака скептичните читатели кои не знаат што да  веруваат.

  1. Официјална изјава

Како новинари, секогаш треба да настојуваме да добиваме официјални изјави. Нашата задача е да ги претставуваме читателите – и да ги информирано за тоа што го знаеме – а не да се умилкуваме на тајни кругови. Извини Ентони Скарамуци, требаше да знаеш дека Рајан Лиза од New Yorker беше нашите очи и уши, не твое уво за плачење, кога тргна со вулгарни навреди против твоите набрзо бивши колеги од Белата куќа.

 

  1. Го твиташ, сносиш одговорност

Некои новинари и уредници се чини мислат дека ќе „им пројде“ кога објавуваат лично мислење на социјалните мрежи за луѓе или прашања за кои пишуваат. Нема. Тоа е јавен форум. Вистинскиот професионализам бара од новинарот да избегнува дури и перцепција за пристрасност. Ако претседателот Трамп сноси одговорност за своите твитови – како што и треба – тогаш треба и ние.

  1. Вие не сте сторијата

Судирот на неделата на кабловската телевизија беше дуелот помеѓу дописникот на CNN Џим Акоста и постариот советик во Белата куќа Стивен Милер за значењето на Статуата на слободата. Акоста ја премина линијата помеѓу поставување прашања и истакнување, а Милер возврати во стилот на Скарамучи – што загарантирано предизвика низа бесни реакции на CNN и Fox News. Резултатот беше разлутена публика наместо информации, и потсетник за новинарите: Вие не сте сторијата.

  1. Корекции и одговорност

Веројатно најочигледната разлика помеѓу вистински и лажни вести е подготвеноста на организацијата да ги признае и поправи своите грешки – и да ги подигне стандардите за да спречи тоа поворно да се случи. CNN заслужува пофалба за тоа што ја повлече приказната за истрагата во Сенатот за наводен состанок помеѓу директор на руски инвестициски фонд и член на преодниот тим на Трамп (Скарамучи). Тројца вработени во CNN дадоа отказ откако приказната падна во вода.

Помалку благороден беше начинот на кој “Fox & Friends” — ве сегмент најавен од нивниот најголем поддржувач, претседателот – неодана хипервентилираа за она што испадна дека е лажно обвинување дека сторија на New York Times го попречила обидот на американската војска да го убие лидерот на група на Исламската држава. Попатното појаснување на Fox едвај беше забележливо.

Автентичното новинарство бара непоколеблив и фокусиран пристап кон вистината, и одговорност за ненамерните но неизбежни грешки по пат. Се чини дека тие квалитети многу недостасуваат во Белата куќа на Трамп, што претставува предизвик но и можност за мојата професија.

Од John Diaz

The post Разликата меѓу вистинското и лажно новинарство appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор