опм

Работна средба за зголемување на нивото на информираност на потрошувачите за електронските комуникации

На ден 14.12.2022г во Стопанската комора во Скопје се одржа работна средба за „Зголемување на ниво на информираноста на потрошувачите по однос на електронските комуникации согледани преку направената анализа на состојба на прописите за електронските комуницаии во Република Северна Македонија, како и преку статистичките податоци на АЕК и ОПМ и постапка за решавање на спорови настанати во оваa област“. Работната средба е дел од активностите за кои е одговорно Министерството за економија на РСМ, а се предвидени во Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година.

На средбата присуствуваа претставници од Министерството за економија,, Државен пазарен инспекторат, Агенција за електронски комуникации, Биро за развој на образование, МАЛМЕТ, Министерство за правда, преставници на стопанските комори, бизнис секторот и здруженија на граѓани. На средбата се презентираше сегментот на јавни услуги и потрошувачки приговор согледани преку одредбите на новиот Законот за заштита на потрошувачите, постапката за решавање потрошувачки спор и едукација на потрошувачите преку промотивна кампања согледани преку Законот за електронски комуникации како и проблемите на потрошувачите согледани преку статистиките на АЕК и ОПМ.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор