Работилница: Попис на средствата и нивните извори кај БК, ЕК, ЈУ, ЈП, ТД и други правни лица за известувачкиот период – 2017 година, како и даночниот третман на констатираните кусоци
Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија следејќи ги активностите кои треба да бидат преземени во овој период, организира работилница на тема: „Попис на средствата и нивните извори кај буџетските корисници, единките корисници, јавните установи, јавните претрпијатија, трговските друштва и други правни лица за известувачкиот период – 2017 година, како и даночниот третман на констатираните кусоци“ на 14.11.2017 година во хотел „Континентал“ – Скопје.







