Прва средба на грантисти и ментори во рамките на проектот Граѓанска алијанса за транспарентност
Рурална Коалиција како грантист во рамките на проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации“ ја оствари својата прва средба со менторката која што ќе биде задолжена за следење и поддршка на процесот на имплементација на проектот “Отчетност за сработеното со парите на граѓаните – реформа на јавната администрација која тешко се достигнува“. За ментор на организацијата беше избрана г-ѓа Биљана Бејкова. Менторот и организацијата во наредниот период ќе работат на изготвување на план за комуникација со јавноста во поглед на активностите и резултатите од проектот, како и на организацијата на првиот kick-off meeting кој што ќе го промовира проектот пред пошироката јавност.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41227](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/mk1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41232](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/0-02-05-6a49106fa1b0e26564e238f00517702071294e723f8493ed455f8dcb698d1f65_774730386973985d-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41281](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/img_0087-768x1024.jpg)

