Unnamed 1 1440x1920

Прва средба и обука за циркуларна економија 

Во рамки на ЦЕ Академијата одржана од Арно имавме можност да се запознаеме со основите на циркуларната економија. Преку воведна презентација од проф. д-р Наташа Данилоска, беа претставени концептите на 8R и нивната примена во создавање одржливи бизнис модели. Дискусиите ја нагласија важноста на интегрирањето на циркуларните принципи во секојдневните проекти и организации.

Што научивме од ЦЕ Академијата:

  • Идентификација и развој на циркуларни бизнис модели: Како да се изработат иновативни решенија кои поттикнуваат реупотреба и намалување на отпадот.
  • Интегрирање на одржливост во организациите: Стратегии за долгорочно одржливо управување.
  • Планирање на социјално, економски и еколошки одговорни идеи: Како циркуларната економија може да генерира вредност за заедницата.
  • Иновативни решенија за намалување на отпадот: Идеи кои користат ресурси повторно и ја поддржуваат еколошката рамнотежа.

Што следува во рамки на Академијата?

  • Достапност на едукативни материјали: Академијата обезбедува ресурси за сите кои сакаат да дознаат повеќе за циркуларната економија и нејзините принципи.
  • Менторска поддршка: Учесниците ќе имаат можност да добијат насоки и поддршка за развивање на сопствени циркуларни идеи.
  • Развивање нови проекти: Академијата поттикнува креирање решенија кои имаат позитивно влијание врз животната средина, со фокус на иновации и одржливост.

Нашето решение: Велосипедски паркинг БУРЕ-Cycle

Како дел од нашата посветеност на циркуларната економија, горди сме да го претставиме велосипедскиот паркинг БУРЕ-Cycle – иновативно и одржливо решение кое ги комбинира еколошките и функционалните аспекти на урбаното живеење.

Што е велосипедски паркинг БУРЕ-Cycle?

БУРЕ Cycle претставува паркинг за велосипеди изработен од реупотребени материјали, како што се:

  • Метални буриња: Користени и отпадни буриња се преработуваат за создавање на основната структура на паркинзите.
  • Гуми за велосипеди: Наместо да завршат како отпад, старите гуми добиваат нова функција во рамките на нашиот дизајн.

Ова решение:

  • Намалува производството на нови суровини: Го поттикнуваме рециклирањето и минимизираме отпадот.
  • Е издржливо: Паркинзите се дизајнирани да издржат различни временски услови со минимално одржување.
  • Е економично: Ниските трошоци за производство и иновативниот дизајн ги прават достапни за широк спектар на корисници.

Кој може да го користи БУРЕ-Cycle?

БУРЕ-Cycle е иновативно решение кое може да го користи широк спектар на корисници, вклучувајќи училишта, општини, бизниси и заедници. Ова решение е особено корисно за градови со висок сообраќај на велосипеди, каде што БУРЕ-Cycle обезбедува одржливи и практични инфраструктурни решенија за паркирање на велосипеди. Локалните власти и образовни институции можат да ги користат паркинзите како дел од своите иницијативи за зголемување на еколошката свест и промовирање на зелените транспортни опции. Истовремено, бизнисите и заедниците можат да ги имплементираат како начин за промовирање на одржливи превозни средства, нудејќи ефикасни и достапни решенија за сите учесници во урбаниот живот.

Како БУРЕ-Cycle е циркуларно решение?

Ова не само што помага во зачувување на животната средина, туку исто така поттикнува економски развој преку создавање на нови можности за работа и иновации, преку намалено производство, но зголемено реискористување на веќе постоечки производи.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор