[Aggregator] Downloaded image for imported item #41232

Прва еко-акција ЗЕЛЕН ПЕТОК: „Мапа на еко-грижи и идеи“

На 31 октомври 2025 година, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, ја одржавме првата еко-акција во рамките на иницијативата ЗЕЛЕН ПЕТОК под наслов „Мапа на еко-грижи и идеи“.
Настанот се одржа од 11:00 до 13:00 часот и имаше за цел да ја поттикне граѓанската свест и активното учество во подобрувањето на животната средина преку креативен, визуелно привлечен и интерактивен пристап.

На централното пано беше поставена голема карта на градот Прилеп, каде што граѓаните со боени стикери ги означуваа своите еколошки забелешки и предлози:

  • Црвена боја – места каде има еколошки проблеми (депонии, загадување, уништени зелени површини);
  • Жолта боја – идеи и прашања за подобрување на животната средина;
  • Зелена боја – позитивни примери и локации што треба да се зачуваат.

Покрај картата беше поставен и „Ѕид на грижи и идеи“, каде учесниците ги запишуваа своите пораки, предлози и визии за поодржлива заедница.
Преку овие симболични активности, граѓаните сами ја создадоа првата „граѓанска мапа на еко-грижи“ во Прилеп, која на визуелен начин ја прикажа еколошката слика на градот низ нивните очи.

Акцијата ја посетија повеќе од педесет граѓани, меѓу кои млади, родители, пензионери и локални активисти. Во текот на двочасовната активност беа собрани над 30 еко-грижи и идеи, кои ќе бидат детално разгледани и сумирани од тимот на еко-амбасадорите. Во наредните месеци овие сумирани согледувања ќе бидат адресирани преку средби со претставници на надлежните институции на локално ниво и вклучени во следните еко-акции во рамките на Зелен петок.

На настанот беше поставено и фото-катче со табла #ЗеленПеток, каде граѓаните се фотографираа со своите пораки и симболи на поддршка за почиста и позелена заедница.

Со оваа прва акција ја започнавме традицијата на месечни Зелени петoци – денови посветени на заедничка еколошка свест, одговорност и солидарност.
Се гледаме на следниот Зелен петок – на крајот од ноември!

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор