Случај: Данок на имот во избрани пилот општини во Северна Македонија – фаза прва

Најголемо влијание кај даночните обврзници со повеќегодишни неплатени обврски за данок на имот, има “заканувачката” порака, додека со помало влијание се пораките за општествената нормана почитување на даночните обврски и јавното добро.

Просечната вредност на заостанатата обврска за данок на имот по третирање со пораките за поттикнување на даночната одговорност се намалила за 636 денари.

Различните видови на пораки различно влијаеле на лицата од женски и машки пол.

Различните видови на пораки различно влијаеле и на даночните обврзници од различна возраст.

Сите три дизајнирани пораки имаат влијание врз наплатата на заостанатите побарувања за данок на имот од физички лица кај пилот општините.

Примената на прикажаниот пристап на комуникација на ниво на сите општини во РСМ би ги зголемила сопствените приходи на ЕЛС за дополнителни 1,4%, а вкупните приходи за 0,5%.

Посебните карактеристиките на даночните обврзници се информација која треба да ја анализира секоја општина, а врз основа на која може да влијание врз унапредување на моралот на даночните обврзници.

Повеќе прочитајте на следниот линк: Промовирање на даночна одговорност преку увид во однесувањето на даночните обврзници

The post Промовирање на даночна одговорност преку увид во однесувањето на даночните обврзници appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.