opstini po regioni

Продолжување на повик за два региони (1) источен и (2) полошки со краен рок до 15 октомври

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во рамки на акцијата финансирана од ЦИВИКА МОБИЛИТАС: „Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони“, објавува:

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОВИК
За аплицирање за мали локални иницијативи (до 30.800 денари) на граѓански организации за граѓанско учество со ЕУ вредности на локално ниво за регионите (1) источен и (2) полошки.

Краен рок: 15 Октомври 2015 г.

Опсег на повикот: Повикот е наменет за сите граѓански организации регистрирани на територијата на регионите: (1) источен и (2) полошки, во период не помал од две (2) години од денот на објавување на повикот.

opstini po regioni

Времетраење на иницијативите: Девет (9) месеци.

Вид на иницијативи:

  1. Судство и темелни права, иницијативи кои се однесуваат на борбата со корупција на локално ниво, судството, потоа темелните човекови права како и малцинските права, права на маргинализациите заедници, дискриминацијата, слободата на изразување итн.
  2. Социјална политика и вработување: иницијативи кои се однесуваат на вработување на млади, квалитет на вработување, политики на вработување на локално ниво, минимум стандарди при вработување и итн.
  3. Политика на конкуренција: антитрустови иницијативи, доминантната положба на локално ниво, државната помош како и работата на локалните јавно приватни претпријатија,  пазарот на медиуми, технолошко индустриските зони и вработувањата во истите, ефектот на прелевање во локалната економија итн.

Начин на аплицирање:

Граѓанските организации можат да аплицираат со пополнување на следниот:

Форматот на апликацијата мора да биде запазен, како и критериумите наведени во ова:

Последната страна од апликацијата мора да биде потпишана од законскиот застапник на граѓанската организација.

Кон апликацијата треба да се прикачат следните документи:

  1. Tековна состојба издадена од Централниот регистар.
  2. Биланс на состојба за 2014 година.

Погледнете ги Одговорите на најчесто поставуваните прашања (преземете го документот).

Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат во електронска форма mcet@mcet.org.mk (со назнака во subject: TEUCSO Трансфер на знаење за политиките на ЕУ) не подоцна од 15 октомври 2015 г.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор