Screenshot 13 1080x675

Презентирана Анализата на ризик факторите за појава на детско престапништво

На 23 февруари 2021 година, дел од членовите на проектниот тим што го спроведуваат проектот „Превенција на детско престапништво“ беа поканети да учествуваат на редовната седница на Државниот совет за детско престапништво. На седницата д-р Елена Мујоска Трпевска, м-р Ненад Алексиќ и м-р Игор Петровски од ПИМ имаа можност да ги изложат своите наоди од спроведеното истражување во рамките на првата фаза од проектот.

Д-р Елена Мујоска Трпевска, претседателка на Здружението “Македонско пенолошко друштво” го отвори излагањето со кратка презентација на главните цели и предвидени и очекувани резултати од проектот. Според д-р Мујоска Трпевска „Превенција на детско престапништво“ произлезе од потребата за суштинска анализа на ситуацијата во Република Северна Македонија во однос на општинските совети за превенција на малолетничко престапништво нивното функционирање, ефикасност и ефективност. Таа нагласи ја нагласи неприфатливата моментална состојба каде што е утврдено постоење на формирани совети во 18 општини, но дел од нив се целосно нефункционални а останатите не работат со полн капацитет. На тоа се надоврзува и потребата да се добијат пореални податоци и слика за она што се случува во рамките на детското престапништво.

Повеќе за Анализата на ризик факторите за појава на детско престапништво прочитајте ТУКА.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор