Презентација на Повик за истражувачки проекти "Корона вирусот тест за дигиталното општество"

Презентација на Повик за истражувачки проекти “Корона вирусот – тест за дигиталното општество”

Здружение Центар за иновации и развој Инос Прилеп на 12 Октомври 2021 година одржа онлине (online) инфо сесија за проектот “Истражувај на тема : Корона вирусот- тест за дигиталното општество”. На настанот беа презентирани целите и главните активности предвидени со проектот, а акцентот беше ставен на Наградниот повик за истражувачки проекти на тема “Корона вирусот-тест за дигиталното општество” наменет за сите студенти од Универзитетите во Република Северна Македонија.

Целта на повикот е активно вклучување на студентите во истражувачката работа преку изработка на истражувачки проекти на актуелна проблематика присутна во сите области на нашето живеење. Со нивното вклучување се очекува да се зголеми свесноста за значењето на истражувачки активности  во решавањето на проблеми во динамично опкружување како и да се зголеми свеста кај студентите  за користење на дигиталните технологии во секојдневните студентски активности. Во услови на пандемија предизвикана од вирусот Covid 19, се нагласува потребата најголем дел од активностите да бидат реализирани по електронски пат со користење на дигиталните решенија. Како резулат на тоа се менува целокупната реалност во земјите, но и се појавуваат голем број прашања кои оставаат простор за истражување.  Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19 го забрза процесот на дигитализација во сите сфери на општеството. Добивање информации преку научно истражување за моменталната состојба во однос на примената на дигиталните технологии, особено за време на пандемијата од Ковид 19 е клучна при креирањето на политиките насочени кон дигитализација на општеството.

Проектот им дава можност на сите студенти подеднакво да се вклучат во истиот и да дадат свој придонес кон споменатата проблематика. Младите луѓе (студентите) се категорија на луѓе кои се први корисници на новите дигитални решенија и оние кои најбрзо ги прифаќаат промените во дигиталниот свет. Тие се оние кои се носители на промените во општеството.  Како такви тие активно можат да се вклучат и да дадат свој придонес во иновативните практики.

Центарот за иновации и развој Инос Прилеп ги поканува сите студенти активно да се вклучат во истражувачката работа и да дадат свој допринос во истражувањето на споменатата проблематика. Покрај овој настан на 20 Октомври 2021 година на следниот линк ќе се одржи предавање за Вовед во методологија на истражување со цел да им се помогне на студентите при изработката на истражувачките проекти.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор