H5.jpg

Превенцијата од ХИВ е клучна затоа што здравјето е право, а не привилегија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, по повод 1 декември – Светски ден против СИДА во соработка со средното училиште СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ денеска (28 ноември), организираше работилница за средношколци, спроведена од тим на средношколци кои им пренесоа знаења на своите соученици, пријатели и познаници на тема сексуално преносливи инфекции, со фокус на важноста од ХИВ превенцијата. Работилницата е во рамки на континуираните активности за информирање и едукација на јавноста кои ХЕРА ги спроведува, со оглед на тоа дека е многу важно постојано да се работи на подигнување на јавната свест и кај младите за темата и ставање крај на стигмата и стереотипите поврзани со ХИВ.

Сексуалното здравје и права се од суштинско значење за постигнување на човековите права, доброто здравје и целокупната благосостојба, особено за луѓето кои живеат со ХИВ или се изложени на ризик од ХИВ инфекција. Пристапот до превентивните услуги за ХИВ обезбедува поздрави заедници и нè доближува до ставање крај на СИДА-та како закана за јавното здравје. Но, истражувањата покажуваат дека с è   уште една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни. Секој има право да се чувствува здраво. Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата преку сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што  им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос. Искуството покажува дека ХИВ инфекцијата е несразмерно распространета во заедниците кои доживуваат сиромаштија и нееднаквост. Како дел од националната програма за ХИВ, повеќе од дваесет години 14 граѓански организации ширум државата нудат бесплатни услуги за превенција од ХИВ, кои вклучуваат скрининг и заштита од ХИВ и други крвно и сексуално преносливи инфекции кај ранливите групи граѓани. Затоа, важно е превентивните активности да продолжат во континуитет, со фокус на тестирањето за ХИВ и подигнување на јавната свест кај граѓаните, бидејќи на таков начин, можеме да ставиме крај на ХИВ епидемијата.

Пред почетокот на работилницата, изјави за медиумите дадоа Ева Спасевска, програмска раководителка во ХЕРА, Нина Кнагс – професорка во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и Драган Кочински – раководител на Оддел за епидемиологија на заразни заболувања – Институт за јавно здравје.

Ева Спасевска, програмска раководителка во ХЕРА, изјави: 

Превенцијата за ХИВ е клучна, но жал сведоци сме дека во континуитет се намалуваат токму средствата за превенција од Превентивната програма за ХИВ-инфекција, постои опасност од престанок на услугите кои ги користат над 8.000 граѓани и со кои се спречува епидемија на ХИВ и се обезбедува животоспасувачка превенција. Со инвестирање во превенција и тестирање ќе откриеме повеќе луѓе кои живеат со ХИВ, а не се свесни за истото, што на долг рок ќе резултира со драстично намалување на бројот на нови инфекции и потиснување на епидемијата. ХЕРА како и другите граѓански организации кои работат во оваа област, се важен партнер на институциите затоа што тие работат и со граѓаните на терен и имаат контакт со ранливите заедници и лицата кои имаат отежнат пристап, или воопшто немаат пристап до здравствени услуги. Потребен е заеднички ангажман на сите чинители затоа што здравјето е право, а не привилегија и одржување на услугите за превенција е во корист на сите граѓани.

Нина Кнагс, Професорка во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, изјави:

„Преку предавањата, програмските активности и содржини, увидовме дека учениците немаат доволно познавање од темата сексуално преносливи инфекции. Честопати влегуваат во незаштитени сексуални односи, без да се свесни за последиците, како пренесување на сексуално преносливи инфекции или опасност од непланирана бременост. Важно е младите да имаат каде да се обратат за да добијат точни информации пред сè, но и во случај на некое сомнение. Затоа, Младинскиот центар „Сакам да знам“ е од исклучителна важност, бидејќи претставува безбеден простор каде младите можат да се тестираат бесплатно и доверливо и да добијат одговор на секое нивно прашање.“

Драган Кочински, Раководител на Оддел за епидемиологија на заразни заболувања – Институт за јавно здравје, изјави:

„Според податоците од Светската здравствена организација, во 2023 година, околу 39,9 милиони луѓе живеат со ХИВ на глобално ниво. Приближно 630.000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ во 2023 година. Се проценува дека 1,3 милиони луѓе се заразени со ХИВ во 2023 година. Во делот на активности за справување со епидемијата на ХИВ, важно е да продолжиме со бесплатното и доверливо тестирање кое е достапно низ повеќе центри и граѓански организации во земјата, секое лице кое живее со ХИВ да има пристап до современо лекување, што овозможува долг и квалитетен живот и заедно со невладините организации, да продолжиме да работиме на подигање на свеста и намалување на стигмата“.

Недостатокот на пристап до сеопфатно сексуално образование и услуги за сексуално и репродуктивно здравје погодни за адолесцентите го зголемува ризикот од ХИВ инфекција кај младите луѓе ширум светот. Превенцијата од ХИВ и другите сексуално преносливи инфекции и поддршка на луѓето што живеат со ХИВ треба да биде опфатено во наставните програми во основните и средните училиштата, за да може младите да бидат информирани како да се заштитат, да ги надминат предрасудите и покажат солидарност кон луѓето со ХИВ во општеството.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес

    Целта на оваа активност не е само еднократна финансиска помош, туку создавање на безбедно опкружување и структура за долгорочен развој на малите медиуми од локално и специфично значење. Локалните медиуми се најранливиот сегмент во медиумскиот пејзаж, соочувајќи се со бројни предизвици во споредба со големите национални куќи. Сепак, токму овие медиуми се клучни бидејќи ги […]
    The post Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес first appeared on Metamorphosis.

  • 📣 Сакаме да го чуеме Вашето мислење!

    Што е клучно за подобрување на квалитетот на живот bit.ly/anketa— Ве замолуваме да одвоите 5 минути од Вашето драгоцено време и да нè информирате за вашето задоволство од јавните услуги, со пополнување на прашалникот погоре #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Македонско лекарско друштво Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF @youtheducationalforum @mcgo_mcec_mk МЦГО […]
    The post 📣 Сакаме да го чуеме Вашето мислење! first appeared on Finance Think.
    The post 📣 Сакаме да го чуеме Вашето мислење! appeared first on Finance Think.

  • Македонија може да стави крај на ХИВ – потребни се здружени сили и стабилна превенција

    Северна Македонија има реална можност во следните години целосно да ја елиминира епидемијата на ХИВ, доколку навременото тестирање стане широко достапно, превенцијата биде системски зајакната, […]

  • Македонија мора да го забрза одговорот на ХИВ: една третина од лицата со ХИВ не се дијагностицирани

    Граѓанските организации откриваат нови случаи 12 пати поефeктивно од здравствениот систем На национално ниво се проценува дека околу 620 лица живеат со ХИВ, но само […]

  • Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП

    По поништувањето на првата постапка и распуштањето на првата комисија за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за формирање нова комисија и распишување нов јавен конкурс. Одлуките за поништување на првата постапка, распуштањето на комисијата и нејзиното повторно формирање не беа јавно […]
    Read More… from Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП
    The post Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Локалните Младински Совети ја започнуваат својата трансформација

    Како дел од проектот „Младите се гласот на промените во општините“, започнавме со градење на капацитетите на Локалните Младински Совети. Успешно ја реализиравме првата дводневна обука за младинско учество и младински активизам, во партнерство со Empowering Kрушеvo.
    Обуката се одржа во периодот од 03 до 05 ноември во Струга, со учество на претставници од ЛМС Прилеп и ЛМС Крушево – членови на локалните младински совети и локалните собранија на млади од двете општини. Целта на оваа активност е да се поттикне активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки во заедницата и да се создадат одржливи механизми за нивно учество и застапување. Преку интерактивни сесии, дискусии и практични вежби, учесниците стекнаа нови вештини и знаења за младински активизам, партиципативни процеси, како и начини за идентификување и мапирање на младинските потреби на локално ниво.
    Ова е само почеток на процесот за операционализација и зајакнување на младинските структури, како важен чекор кон подобрување на партиципативното опкружување за младите – еден од клучните приоритети на Европската Унија.
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар. #јасграѓанинот
    #МладиЗаМладите #ЛокалниМладинскиСовети #МладинскоУчество

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор