466131175 1895306174292168 3302342752720458440 N 1024x768.jpg

„Прегледај се“

Во рамките на проектот “Прегледај се” поддржан од Општина Прилеп во месец Октомври – месецот посветен на борбата против ракот на дојка – спроведени беа бесплатни ехо прегледи на дел од жените од с. Канатларци и тоа од сите возрасти.

Денот за подигање на свеста за ракот на дојка 15 Октомври го обележавме во розово за да се солидаризираме со сите жени кои се соочуваат со оваа болест. Оваа активност ја реализиравме со цел да придонесеме за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти.

Преку бесплатниот ехо преглед на дојка ќе ја поттикнеме самосвесноста за потребата од редовни прегледи. Се надеваме дека со ваквиот чекор ќе ја подигнеме свеста за грижата за здравјето за превенција од рак на дојка. Знаејќи дека раната превенција е половина здравје како и досега така и во иднина ќе продолжиме да се грижиме и да превземаме чекори за заштита на здравјето.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор