Meta Forum 1

Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Најотворена општина е Битола, најзатворена – Сопиште

„Она што е важно е да се обезбеди видлив пристап до услугите, заедно со контакти кои ќе им бидат од помош на граѓаните, за да можат да се информираат за тоа, каде да добијат помош при користење на некоја услуга. Канцеларии за контакт со граѓаните се исто така битна алатка, како и електронски алатки, информатор, социјални медиуми“, истакна Мила Јосифовска Даниловска, програмска менаџерка во Метаморфозис.

Во С. Македонија, најотворена општина е Битола, а најзатворена е Сопиште. Разликата меѓу овие две општини е сериозна и изнесува цели 60 отсто. Тоа не би требало да биде така, бидејќи секоја општина подеднакво ги има истите одговорности кон своите граѓани и секој граѓанин има право на пристап до информации и услуги. Ова го покажуваат последните резултати од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година, кои беа презентирани денеска во Граѓанскиот ресурсен центар, во организација на Фондацијата Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21.

На тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“, во полната сала беа дискутирани добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа, со цел зголемување на довербата на граѓаните и искоренување на корупцијата.

Поздравни обраќања на настанот имаа Александар Кржаловски, национален тим лидер на Програмата Цивика мобилитас и директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, како и Бардил Јашари, извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис. Резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа, ги презентираше Мила Јосифовска Даниловска, програмска менаџерка во Фондација за интернет и општество Метаморфозис, а на темата говореа и Лилјана Јоноски, директорката на Рурална Коалиција и Тони Коњановски градоначалникот на општина Битола.

„Анализата покажа дека најотворени општини се Битола со 67 отсто, Делчево со 66, Демир Хисар со 64, Велес со 60, Валандово со 59 отсто, додека, пак, најзатворени општини Сопиште, Студеничани, Кривогаштани, Росоман, Шуто Оризари. Ако се стават една до друга најтворената и најзатворената општина, ќе се види дека постои сериозна разлика од 60 отсто. Не би требало да биде така, бидејќи секоја општина ги има истите одговорности кон граѓаните, секој од нив има право на пристап до информации и услуги, кои влијаат на нивните животи“, кажа Мила Јосифовска Даниловска.

Отвореноста на општините се мери преку четири параметри: транспарентност, свесност, пристпност и интегритет. Оттука, најтранспарентни општини според Индексот на отвореност за 2024 се Берово, Велес, Валандово, Делчево, Битола, а најнетранспарентна е општината Сопиште. Гледано преку начелото свесност, кое се однесува на квалитетот на планирање, програмирањето, мониторингот и евалуацијата на локалните политики, најсвесна општина е Гевгелија. Дури 20 општини не објавуваат ниедна информација која се идентификува со областа „свесност“.

„Она што е важно е да се обезбеди видлив пристап до услугите, заедно со контакти кои ќе им бидат од помош на граѓаните, за да можат да се информираат за тоа, каде да добијат помош при користење на некоја услуга. Канцеларии за контакт со граѓаните се исто така битна алатка, како и електронски алатки, информатор, официјални профили на социјални медиуми на општината“, додаде Јосифовска Даниловска.

Директорот на Метаморфозис, која годинава одбележува 20 години постоење, Бардил Јашари, истакна дека промоцијата на дигитализацијата и ставањето во функција на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, се централна точка и фокус на сите активности на организација.

„Во овие 20 години, работевме на градење капацитети на државните институции и на организациите, работевме многу анализи на е-услугите што ги има во нашата земја. Често се занемаруваат потребите на граѓаните, па токму затоа мораме придобивките од дигиталната трансформација да ги направиме опипливи. Дигитализацијата придонесува да се намали корупцијата, но таа не е цел сама за себе, туку е дел од друга визија и таа може значително да помогне“, истакна директорот Јашари.

Градоначалникот на општината Битола, за која анализата покажа дека е најотворена, Тони Коњановски, истакна дека независно од високите политики, сепак, она што ги допира граѓаните е токму локалната самоуправа.

„Тоа што сме најотворена општина, е поттик за нас да бидеме уште подобри. Многу сериозно ќе ја проучиме анализата која ја презентиравте за да се подобриме. Имаме обврска да направиме транспаретна и отчетна локална самоуправа. Чест и гордост е да се работи за локалната самоуправа, да се биде отворен, достапен за граѓаните. Преку мене и мојот лик тие ја гледаат транспарентноста, достапноста“, кажа Коњановски, кој истакна дека соработката со граѓанските организации е суштинска за адресирање на потребите на граѓаните.

За дигитална трансформација на локално ниво, како и за дигиталната алатка мЗаедница, зборуваа Милан Танчески, директор на Центарот за социјални иновации Блинк 42-21, како и Драган Ананиев, секретар на општина Кочани.

Форумот имаше за цел да поттикне акција против корупцијата, обединувајќи претставници од локалната самоуправа, граѓански организации, активисти, експерти, граѓани и медиуми во заедничка борба заснована на инклузивност и соработка.

Тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ беше организиран во рамки на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво (ДИГИЛОК) – Вклучена заедница за отпорност на корупција“, финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. 

Линк до оргиналната објава: Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Најотворена општина е Битола, најзатворена – Сопиште | Meta.mk

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор