ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО ГРАД БИТОЛА

ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО ГРАД БИТОЛА

Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, поддржано од Цивика Мобилитас, преку проектот „Сликај, постирај, алармирај!“ изработи предлог мерки за намалување на аерозагадувањето во град Битола и ги поднесе до општина Битола.

Од почетокот на ноември ги реализиравме следните активности:

  • подигање и јакнење на свеста кај младите во основните и средните училишта и сите останати граѓани на Битола за штетното влијание од загадувањето на воздухот со ПМ честички, преку реализација на едукативни работилници и предавања, воннаставни активности на еко секции и сл.);
  • активно учество на граѓаните во идентификација на аерозагадувачите и изработка на интерактивна карта со помош на Google Мaps;
  • мерење на загаденоста на воздухот и мапирање на степенот на загаденост со ПМ честички на територијата на град Битола (види карти во прилог на мејлот);
  • алармирање на надлежните институции и пошироката јавност во градот;
  • изготвување на предлог мерки за намалување на аерозагадувањето.

 

Минатиот месец РГД „Геосфера“-Битола потпиша меморандум за соработка со општина Битола, со што се интензивира соработката со инспекторатот за животна средина во делот на побрзо идентификување на аерозагадувачите во градот и поефикасно делување на овластениот инспектор при надзор на терен.

Нашите предлог мерки се продолжение на борбата на голем број граѓански здруженија, како здружението „За нас се работи“, кои се пионери во овие акции. Предложените мерките за намалување на аерозагадувањето во град Битола од РГД „Геосфера“-Битола се резултат на долготрајно истражување и адаптација на географскиот простор во кој живееме и за нив е изработена интерактивна карта.

Предлог мерки за намалување на аерозагадувањето во град Битола

Интерактивна карта со предложените мерки

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор