Пратениците гласаа ЗА за платено породилно отсуство за земјоделки

Пратениците гласаа „ЗА“ за платено породилно отсуство за земјоделки

Собранието на 10.05.2023 ја изгласа потребата од донесување на Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки. Сите присутни пратеници гласаа ЗА, со што сметаме дека Предлогот на законот успешно ќе ја помине законодавната постапка и земјоделките конечно ќе добијат системско решение за правото на платено породилно остуство. Воедно апелираме до Собранието во најскор можен рок да ја заврши постапката за донесување на овој закон.

Пратениците покажаа дека е возможно политичко здружување со цел унапредување на човековите права на жените од руралните средини. Додека извршната власт не ги прифати нашите барања и не презеде чекори за спорведување на препораката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратениците одговорија позитивно на нашите барања.

Предлог законот предвидува платено породилно отсуство за индивидуални земјоделци под еднакви услови како за сите останати вработени и самовработени лица во висина на минималната плата. Со ова решение ќе се надмине системска дискриминација и ќе има бројни бенефити во однос на унапредување на здравјето и благосостојбата на жените и децата од руралните средини. Овој чекор го гледаме како дел од пообемна иницијатива за унапредување на правата на руралното население, признавање и уважување на земјоделскиот труд. Преку овозможување на правото на платено породилно отсуство повеќе жени ќе се регистрираат како индивидуални земјоделки со што ќе станат дел од формалната економија, самостојно ќе ги уживаат правата кои произлегуваат од тој статус (право на здравствено, социјално, пензиско осигурување и сопствен приход од земјоделска дејност) со што на долг рок ќе се унапреди нивната еманципација и родовата еднаквост во руралните средини. Како следен чекор, ќе работиме со Собранието за донесување на законски измени со кои ќе се овозможи платено отсуство поради боледување и повреда на работно место за индивидуалните земјоделци.

Се заблагодаруваме на сите здруженија на граѓани, сојузи и фондации (листа во прилог) кои ја покренаа и ја поддржаа оваа иницијатива, на пратениците кои гласаа ЗА и на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Мрежа за заштита од дискриминација

Коалиција МАРГИНИ

ЛАГ АГРО Лидер

Фондација Отворено Општество Македонија

Хелсиншки комитет за човекови права

Рурална Коалиција –  коалиција на 56 мали грас рут граѓански организации

Македонската асоцијација на земјоделски задруги

Сојуз на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови

Национална мрежа против хомофобија и трансфобија – 20 членки граѓански организации

Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе

ТрансФорма

ЛГБТИ Центар за поддршка

Здружение „Радика Де“ – Огранок Центар Жупа

Рурален агробизнис инкубатор

Локална Акциона Група Осоговски Лисец

Организација на жените на општина Свети Николе

Здружение за родова еднаквсот Акција Здруженска

Балканска водна мрежа

ЛАГ Абер 2015

Гласен текстилец

Здружение за едукативен развој Еквалис

Центар за развој и едукација Прилеп

Институт за развој на заедницата Тетово

Здружение за еднакви можности СЕМПЕР

ЛАГ Порече

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

ЕХО Едукативно-хуманитарна организација

Локална Акциона Група Вардар Леадер

Здружение Достоинствен работник Прилеп

Институтот за европска политика – Скопје

Здружение на производители на органска храна „Биовита“- Кавадарци – 39 членови

Здружение против дискриминација „ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ“ –  Ресен

Институт за човекови права

Пчеларско здружение Пчела Велес

НВО ,,КХАМ” Делчево

Здружение Цик Цак Крива Паланка

Здружение Инклузива

ЛезФем

Национален ромски центар Куманово

ХОПС Опции за здрав живот Скопје

Заедно Посилни

Македонско здружение на млади правници

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т.

ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените

ХЕАР – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Тиииит! Инк.

Реактор- Истражување во акција

Стела Мрежа

Здружение за поддршка на маргинализираните работници СТАР-СТАР Скопје

Новинари за човекови права

Здружението за млади и едукација Скриениот херој во секое дете Скопје

Поречка матица

Здружение за родова еднаквост Визија

Организација на жени од Струмица со локалните кружоци Дабиле, Добрејци, Бодилово, Муртино, Сачево,  6-та Урбана заедница, Струмица и 8Б Урбана заедница, Струмица

Здружение „Радика ДЕ“ Дебар заедно со локалните женски кружоци Голем Папрадник и Новак

Женска граѓанска иницијатива „Клеа“- Битола

Хуманитарно Здружение „МАЈКА“ Куманово заедно со локалните женски кружоци Табановце, Пчиња, Биљановце и Горно Којнаре

Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ -Радовиш заедно со локалните женски кружоци Злеово, Ораовица, Конче и Лубница

ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија заедно со месните женски совети Корешница, Бистренци, Прждево, Сирково, Трстеник, Манастирец, Виничани, Ногаевци и Водоврати

Платформа за родова еднаквост – 28 членки граѓански организации

Блупринт група за реформи во правосудство – 7 членки граѓански организации

Македонски центар за меѓународна соработка, прогарама Цивика Мобилитас

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор