Povik za ucestvo na trening web

Повик за учество на тренинг

Почитувани,  ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во соработка со здружението САНАНИМ од Република Чешка и здружение Превент од Србија организира  обука на тема “Родова сензитивна работа со млади кои употребуваат дроги”. Оваа обука  ќе  се одржи во Прага, Репубилка Чешка  од 12 до 18 Ноември. 

Целта на оваа обука е да се едуцираат младите  кадри од програмите за намалување на штети од Северна Македонија, Србија и Чешка за родова сензитивна работа  со млади кои употребуваат дроги. 

Тренингот ќе ги покрие следниве теми: 

  • Проблемот на употреба на дроги кај младата популација, – најчести користени дроги, начини на употреба, трендови на употреба во различни национални и локални контексти .
  • Видови на програми за помош на младите кои употребуваат дроги – програми за лекување, програми за намалување на штети, програми за ресоцијализација и интеграција, теренска работа со млади, онлајн пристап и советување . 
  • Што се подразбира под родово сензитивни програми? Како да се креира безбедна програма за жени кои употребуваат дроги.  Посета на програмите за жени и млади кои употребуваат дроги спроведувани од организацијата Сананим.

Критериуми за учество:

  • Да работите во програмите за намалување на штети  
  • Да сте  на возраст до 30 години. 

Начин на пријавување:

Вашата заинтересираност и мотивираност за учество на  тренингот изразете ја во мотивациско писмо и заедно со Вашата кратка биографија (CV) испратете ги на е- маил: vlatkod@hops.org.mk најдоцна до 13 Октомври  2025 година. 

Сите трошоци за тренингот се обезбедени од организаторот.

Овој повик се отвора во рамките на проектот „“Креирање на родово базирани програми за млади кои употребуваат дроги”.    


 

Проектот е финансиран од  Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Еразмус + .

Финансирано од Европската Унија. Изразените ставови и мислења се само на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA).  Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.

The post Повик за учество на тренинг appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор