Повик за учество во Работна група за воведување на Систем за квалитет во управување (СКУ) во граѓански организации

Почитувани,

Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, финансиран преку програмата Цивка мобилитас објавува повик за номинирање на претставник од граѓанските организации за учество во Работната група за воведување на Систем за квалитет во управувањето (во понатамошниот текст Работната група) која ќе биде сочинета од претставници на граѓанските организации од мрежата на Цивика мобилитас (грантисти)

Работната група ќе ги има следниве активности во рамки на проектот:

• Учество во комисијата за евалуација на апликациите за избор на Експерт за СКУ

• Соработка со експертот за СКУ и при изготвување на Водич/Прирачник за воведување на СКУ за граѓански организации и

• Учество во комисија за избор на учесници во 2 дводневни обуки за воведување на систем за квалитет во управувањето (СКУ) за граѓански организации.

• Учество во мониторинг и евалуација на граѓанските организација во рамки на процесот на воведување на СКУ во соработка со работната група и тимот на ЦИКП

• Учество во менторски активности за воведување на СКУ за граѓански организации од 8 плански региони

Пријавите, како и дополнителните прашања во врска со проектот и активностите на работната група испратете ги на следниве електронски пошти: crpm@crpm.org.mk; aleksandar.cekov@crpm.org.mk.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор