Повик за прибирање на понуди за сместување и одржување на обуки
Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.
Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски, социјален, етнички или расен статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.
Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.
Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот го спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со поддршка од Expertise France преку Agence Française de Développement (AFD).
Во рамки на проектот предвидено е организирање на шест дводневни обуки. За таа цел, ве молиме да ни испратите понуда по следните барања и спецификации.
- Општи информации
Период на одржување:
- Првата обука 4-10 мај во Тетово
- Втората обука 18-22 мај Куманово
- Третата обука 1-15 јуни Св. Николе и Штип
- Четвртата обука 7-11 септември во Прилеп
- Петтата обука 21- 25 септември во Битола
Број на лица за сместување 4 лица, работен простор за максимум 30 лица за работниот дел.
- Хотелски услуги
Сместување
- Број на гости: 4 лица
- Број на ноќевања: 1 ноќевања (во еднокреветни соби на база на полупансион (појадок и вечера вклучени)
- Дополнителни услови: Бесплатен Wi-Fi, Паркинг (доколку е достапен)
Исхрана
- Ручек за максимум 30 лица на секоја обука
- Мени со предјадење, главно јадење, десерт и пијалок (минерална вода или безалкохолен пијалок)
- Опција за вегетаријанско/веганско мени и мени за лица со специјални потреби во исхраната
Освежување
- Кафе-паузи (3 вкупно) во текот на работните денови
- Кафе, чај, вода, сокови
- Вода за време на работниот дел
- Работен простор/сала услуги
Сала и опрема
- Конференциска сала со капацитет за 30 лица
- Распоред на седење: во П-форма
- Проектор и платно/LED екран
- Флипчарт и маркери
Дополнителни информации
Ве молиме понудата да ја доставите во износ со вклучен ДДВ, вклучувајќи информации за услови на плаќање и евентуални попусти.
Потребна документација за аплицирање
Понуда со цена
- Детална финансиска понуда по ставки (сместување, ручек, кафе-паузи, изнајмување сала, опрема и техничка поддршка), со фотографии од просторот.
- Наведена цена по лице/услуга и вкупна цена (нето и бруто, со вклучен ДДВ).
- Потпишување на Изјава под заклетва за критериуми за исклучување, отсуство на судир на интереси (во прилог на овој повик).
Опис на услугите
- Детален опис на хотелските услуги (тип на соби, мени, организација на оброци, кафе-паузи).
- Опис на конференциската сала и техничката опрема за хибриден настан.
Документи за регистрација на компанијата
- Тековна состојба/извод од Централен регистар.
- Даночен број (ЕМБС и ДДВ број ако е обврзник на ДДВ).
Општи услови
- Политика за резервации и откажување.
- Услови на плаќање.
- Информации за евентуални попусти или дополнителни трошоци.
Критериуми за селекција
- Вкупна цена на понудата со калкулација по ставки
- Услови на плаќање
- Квалитет на понудата на услуги (сместување, исхрана и сл.)
- Адекватност на салата (капацитет, распоред на седење, природна светлина/вентилација)
- Квалитет и достапност на опремата (проектор, озвучување, интернет конекција итн.)
- Обезбедена техничка поддршка на лице место
- Пристапност на локацијата (транспортни врски, паркинг простор)
Начин и рок за аплицирање
Потребната документација да се достави во PDF формат по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: Повик за прибирање на понуди за организирање на обуки за проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.
Краен рок за доставување на документите е 17.03.2026 година.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41330](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/ef.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45897](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/delegacija-1536x1024-1-1024x683-1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45899](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/cc3f11e8-db3e-418d-952a-4c5d6b09bd0b-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45901](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/sob3-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45882](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/cover-page-reakcija-768x403.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45559](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/untitled_design1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45421](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/screenshot-53-768x421.png)