[aggregator] downloaded image for imported item #40022

ПОВИК ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА МОФ!

Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за нови членови во младинските клубови!

Пријави се и биди дел од младинските клубови за: Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство.

Прашалникот за пријавување е достапен на овој ЛИНК.

Оваа година, идејата е дека „Заедно ја менуваме играта!“

Со аргументи ја менуваме играта! Дебатен клуб во МОФ

Дебатните клубови имаат за цел да развијат способности за критичко размислување, аргументирано говорење и ефективна комуникација кај средношколците. Преку дебатните клубови, младите го зголемуваат своето учество во општествените случувања и придонесуваат кон создавање отворено општество засновано на демократски вредности и толеранција, каде се промовираат и практикуваат критичка мисла и слободно аргументирано изразување. Дебатните клубови се фокусирани на изучување на компетитивна дебата и јавно говорење во форматот на World schools. Аргументирај го својот пат до промена!

Со правата ја менуваме играта! Учиме право клуб во МОФ

Учиме право клубовите се насочени кон правна едукација и запознавање на младите со основите на демократијата и правниот систем, владеење на правото и остварување и заштита на човековите, граѓанските и политичките права, слободи и  обврски. Содржината на клубовите е поделена на четири дела: надлежностите на државните институции, човековите слободи и права, граѓанско право и кривично право. Дополнително, програмата на своите членови им нуди можност преку различни организирани активности да посетат различни државни институции и тела или да бидат дел од симулации кои го претставуваат нивното работење. На овој уникатен начин програмата цели да создаде врска помеѓу концептот на демократијата, човековите права и правниот систем и нивното влијание во секојдневниот живот. Правилата не се менуваат сами. Промени ги ти!

Со креативноста ја менуваме играта! Артивизам клуб во МОФ

Артивистичките клубови работат на оспособување на младите слободно и креативно да се изразуваат, охрабрувајќи ги самите да преземаат и предводат активности кои ќе ја подобрат моменталната состојба во нивните локални заедници. Членовите на клубовите посетуваат предавања и работилници за различните форми на активизмот, креативни активистички алатки, младинско организирање и ангажирање на заедницата за решавање на предизвици. Иницијативите кои младите членови ги создаваат имаат за цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретни општествени теми од нивен интерес, придонесувајќи за помагање на локалната заедница преку младински активизам. Креативноста е твојот мегафон. Искористи ја за промена!

Со вистината ја менуваме играта! Новинарски клуб на МОФ

Новинарските клубови на МОФ се фокусирани на развивање на вештините и основите на новинарство и медиумска писменост кај младите. Членовите на новинарските клубови учат како да спроведуваат истражувања, да креираат новинарски содржини и да ги разбираат и анализираат медиумските пораки. Овие клубови ги подготвуваат младите за одговорно и критичко консумирање и создавање на медиумски содржини, кои имаат цел да ја информираат јавноста. Биди гласот што информира и инспирира промена!

Рокот за пријавување е до Пријави се до 30 септември 2025 година (четврток), до 23:59 часот.

За сите дополнителни прашања поврзани со повикот, обратете се на info@mof.org.mk

 

 

The post ПОВИК ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА МОФ! appeared first on МОФ.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор