logo isshs1Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира обуки за моделот на застапување засновано на податоци. Овој модел подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики.

logo isshs1

Обуките се отворени за сите заинтересирани претставници од невладините организации од Македонија.

Обуката за источниот регион ќе се одржи во Струмица на 29.11.2016 (вторник) во просториите на Центарот на заедницата на општина Струмица во Домот на армијата.

Обуките се дел од проектот Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и застапување кој Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува со поддршка од програмата Цивика Мобилитас (CIVICA Moblilitas).

Целта на проектот е зајакнување на знаењата и капацитетите на граѓанските организации за промовирање, заштита и застапување на слободата на здружување и изразување.

Вашиот интерес може да го изразите со пријава на вашите лични податоци (име, презиме, организација од која доаѓате и контакт телефон) на e-mail: info@isshs.edu.mk најдоцна до 25.11.2016

Контакт лице: Ана Блажева тел.072 307 702, 02 31 13 059 e-mail: ana.blazeva@isshs.edu.mk