Screenshot

Повик за доставување на понуди за хотелско сместување и реализација на обуки

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип го спроведува проектот „Зајакнување на локалната демократија”, поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија.

Во рамките на овој проект предвидени се 4 дводневни обуки за претставници на локални граѓански организации кои ќе се одржат во периодот март – јуни 2023 година. За таа цел, го доставуваме следниот ПОВИК за доставување на понуди:

  1. Нарачател/договорен орган: – Фондација за развој на локалната заедница, Штип, проект: Зајакнување на локалната демократија.
Ред. Бр. No.Опис на производ/ услуга Description of the product/ serviceКоличина UnitЕдинечна цена со ДДВ Unit price with WAT
1.Полн пансион по лице, во еднокреветна соба (да вклучува еден безалкохолен пијалок)
2.Дополнителен ручек по лице (да вклучува еден безалкохолен пијалок)
3.Освежување за време на обуката и паузите (кафе, сок, вода) по лице
4.Сала за одржување на обука (со опрема, платно за проекција, проектор, флип – чарт табла)
  • Во рамки на оваа активност ќе се одржат 4 обуки по 2 дена, со максимално 18 учесници по обука, односно 72 полни пансиони. Обуките ќе се одржат во периодот март – јуни 2023 година.  Набавувачот – ФРЛЗ Штип го задржува правото да избере различни добавувачи за различни термини;
  • Хотелот според категоризацијата треба да поседува најмалку 3 ѕвезди и да располага со најмалку 18 еднокреветни соби;
  • Хотелот треба да има обезбеден паркинг за најмалку 10 возила, кој е вклучен во понудата;
  • Цените да се дадени во денари со вклучен ДДВ.

Понудите на операторите кои ги исполнуваат погоре наведените услови понатаму ке бидат евалуирани од страна на комисиjата за евалуација, а најповолниот понудувач ќе биде избран според критериумот, ,,најниска цена”.

2.Во прилог на понудата треба да се достави и следната придружна документација:

Понудата се доставува во електронски на следнава адреса: btrendova@frlz.org.mk со назнака: „За тендер Реф.бр.0000010749” или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, на Ул. Маршал Тито бр.37 4/2, локал 52 , 2000 Штип.

На надворешната страна на ковертот наведете: За тендер Реф.бр. 0000010749 и текстот „да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печати потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Понудата треба да се достави во рок од 15 дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 21.02.2023година, до 16:00 часот.

Со почит,

Љубица Трендова 

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор