[aggregator] downloaded image for imported item #39879

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОД-ГРАНТОВИ во рамки на проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia” финансиран од UN Women

Имплементатор: Хелсиншки комитет за човекови права

Опфатени региони: Скопски, Источен, Југоисточен и Североисточен плански регион

Вкупен фонд за под-грантови: 2.240.000 денари

Висина на поединечен под-грант: до 560.000 денари

Број на поддржани организации: 4 (по една од секој регион)

Времетраење на проектите: 8-10 месеци

1. ВОВЕД

Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) го објавува овој повик за доделување под-грантови на локални женски и грасрут организации во Северна Македонија, со цел унапредување на родово-одговорното буџетирање во единиците на локална самоуправа.

Под-грантовите се доделуваат во рамките на проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia”, финансиран од UN Women. Проектот има за цел да го зајакне учеството на жените во процесите на локално одлучување, да ги подобри механизмите за родово-одговорното буџетирање и да создаде одржливи партнерства помеѓу граѓанските организации и општинските институции. Овие цели ќе се реализираат преку планирана многуфазна проектна стратегија, развиена во рамките на самиот проект и спроведувана од Хелсиншкиот комитет.
Општа цел на проектот е да ги зајакне локалните граѓански организации и  жените од локалните заедници преку нивно вклучување во процесите на носење одлуки на локално ниво со што цел е да се подобрат практиките на родово-одговорно буџетирање во општинските единици во Северна Македонија, поттикнувајќи инклузивно управување и еднаков пристап до ресурси преку изградба на капацитети, стратешко застапување и зајакната локална соработка.

2. ЦЕЛИ НА ПОД-ГРАНТОВИТЕ

Поддржаните организации ќе придонесат кон:

– зголемена вклученост на жените, особено најмаргинализираните, во локално одлучување;

– подигната свест и знаење за родово-одговорно буџетирање;

– мобилизирање и мотивирање на локалните жени, вклучително и најисклучените, проактивно да бараат отчетност од локалните власти (како што се локални кампањи, петиции, изработка на предлози, тематски тркалезни маси и сл.) со цел засилено локално женско лидерство и застапување;

– развиени локални политики, буџети и предлози за 2026 година засновани на потребите на жените во локланите заедници;

– зајакната соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти.

3. КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

Право на аплицирање имаат организации кои:

  • се локални женски организации;
  • се регистрирани во Централен регистар;
  • имаат активна трансакциска сметка;
  • активно работат најмалку една година;
  • имаат релевантно искуство во работа со жени и женски групи, во локално заедничко организирање и во процеси поврзани со локални политики;
  • организации на кои унапредувањето на родовата еднаквост им е дел од мисијата.

  – Скопски

  – Источен

  – Југоисточен

  – Североисточен плански регион.

Не можат да аплицираат:

– политички партии;

– поединци;

– организации што промовираат анти-родови дискурси или иницијативи;

– непрофитни субјекти со нерегулирана финансиска состојба.

4. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ИЗНОС

– Времетраење на проектите: 8-10 месеци

– Максимален износ по грант: до 560.000 денари

– Вкупно грантови: 4 (еден по регион)

5. АКТИВНОСТИ КОИ МОЖЕ ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ СО ПРОЕКТОТ

Активности поддржани со овој повик може да вклучуваат но не се ограничуваат на :

– теренски информативни активности;

– подигнување на свест за родово одговорно буџетирање;

– учество во менторската програма на ХКЧП;

– развивање локални предлози и поднесување до локална самоуправа;

– Следење на напредокот во усвојувањето на предлог-политики или мерки поднесени од жени и финансирани од локалните власти, како и користење на добрите примери за застапување и можноста за нивна репликација/проширување;

– Активности за застапување пред општините со цел потребите и предлозите на жените да бидат вклучени во локалните програми и буџети за 2026 година (организација на форуми;, тематски тркалезни маси со општините, отворени инфо-декови за РОБ и други)

И други активности.

Учеството во активностите предвидени во рамки на проектот Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia е задолжително за сите вклучени организации и учесници.

6. НЕПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

– отплати на долгови и казни;

– партиски/политички активности;

– купување возила и техничка опрема;

– трошоци не предвидени во одобрениот буџет;

– трошоци постари од датумот на започнување на проектот.

7. ВИДЛИВОСТ

Суб-грантистите се должни да ја обезбедат видливоста на:

– UN Women,

– Хелсиншкиот комитет за човекови права,

– проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia”.

8. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
  1. Образецот за пријавување (апликација) (македонски);
  2. Образец за предлог – буџет (македонски);
  3. 3. Тековна состојба (≤ 6 месеци);
  4. 4. Статут на организацијата
  5. 5. Годишен наративен извештај за работа и финансиски извештај, за 2024 година;
  6. 6. Потврда за активна банкарска сметка;
  7. 7. Доказ за претходно искуство (изјава, табела);
  8. 8. CV на клучен персонал.
9. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
  1. Технички пристап (максимум 50 поени)
    • Усогласеност на идентификуваните потреби и проблеми со целите на проектот и приоритетите на повикот (25 поени)
    • Квалитет на предложените активности (10 поени)
    • Квалитет на предложените активности – Јасност, логичка поврзаност и изводливост на предложените активности (10 поени)
  1. Организациски капацитет и претходно искуство (максимум 30 поени)
  • Организации или клучни лица со релевантно искуство во работа со жени и локални заедници (10 поени)
  • Искуство во области поврзани со родово-одговорно буџетирање, женски права или локални политики (10 поени)
  • Минимум 1 година активно искуство во работа како организација (5 поени)
  • Административен, финансиски и управувачки капацитет (5 поени)
  1. Предлог-буџет (максимум 20 поени)
  • Економичност и финансиска ефикасност (10 поени)
  • Поврзаносот помеѓу програмскиот дел и буџетот (10 поени)
10. РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Заинтересираните организации за овој повик потребно е да ја достават потребната документација на следната електронска адреса tona.kareva@mhc.org.mk  со назнака „ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОД-ГРАНТОВИ“ најдоцна до 15 декември 2025 година, до 23.59 часот.

За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот мејл најдоцна до 08.12.2025. Апликациите кои нема да ја содржат комплетната документација, нема да бидат земени во предвид. Комисијата за избор ќе ги извести организациите кои добиле грант најдоцна 15 дена по завршувањето на крајниот рок за аплицирање.

The post ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОД-ГРАНТОВИ во рамки на проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia” финансиран од UN Women appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор