Add a heading fotor.jpg

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕДНОДНЕВНИ ОБУКИ ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија” финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за ангажирање два експерти за одржување на 10 еднодневни обуки за зајакнување на капацитетите на полициски службеници за постапување во случаи на говор на омраза

 Главната цел на проектот е да се зајакнат ефективните механизми за заштита на правата на граѓаните во Република Северна Македонија при практикување на слободата на изразување и борба против говорот на омраза во согласност со меѓународните и европските стандарди. Влијанието на акцијата е специјално дизајнирано да овозможи синергија помеѓу работата на секторот на граѓански организации и релевантните институции како заштитни механизми од говор на омраза, врз основа на собирање податоци и директен ангажман со избраните целни групи. Ова ќе се постигне преку отворен политички дијалог со цел да се обезбеди посветеност на Владата за понатамошно подобрување на целокупната ситуација преку оперативно и институционално зајакнување на капацитетите за справување со говорот на омраза во согласност со најдобрите европски практики.  

Позиција 

Два експерти за одржување 10 еднодневни обуки за зајакнување на капацитетите на полициските службеници за постапување во случаи на говор на омраза 

Тема на обуките 

Избраните експерти ќе треба да одржат 10 еднодневни обуки за полициски службеници и останати службеници во Министерството за внатрешни работи за препознавање, спречување и борба против говорот на омраза, за постапување во случаи на говор на омраза и собирањето докази, со посебен фокус на најдобрите практики на Европската Унија, особено на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.  

Обуките ќе бидат наменети за Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, за Тренинг центарот при Министерството за внатрешни работи и по една обука за секој Сектор за внатрешни работи (Скопје, Куманово, Битола, Штип, Велес, Охрид, Тетово и Струмица). 

Избор на експерт 

На овој повик имаат право да учествуваат сите физички лица што ги исполнуваат следниве критериуми: 

  • Работно искуство од најмалку 7 (седум) години, особено релевантно во областа на говорот на омраза, дела од омраза, дискриминација и/или заштита на човекови права; 
  • Минимум 5 (пет) обуки посетени во текот на работното искуство во областа на говорот на омраза, дела од омраза, дискриминација или заштита на човекови права; и 
  • Минимум 3 (три) обуки во кои кандидатот бил обучувач. 

Искуството се докажува по пат на приложена кратка биографија (CV) во кои се наведени обуките што се посетувани и обуките каде што кандидатот бил обучувач, којашто треба да содржи и краток опис на содржината на обуките. 

Работни задачи 

  • Подготвување на концепт и методологија за спроведување на обуките 
  • Утврдување на целите на обуките 
  • Подготовка на тестови за учесниците пред одржување на обуката за оценување на моменталните капацитети и тестови за евалуација 
  • Подготовка на писмени материјали и вежби за проширување на знаењата 
  • Постојана комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на сите задачи, вклучително и утврдување на роковите за нивно завршување 

Спроведување на работните задачи 

Времетраењето на ангажманот ќе започне на почетокот на мај по склучување на договорите со ангажираните лица и ќе трае до завршување на активностите, односно до 15 јули 2025. 

Еднодневните обуки ќе бидат спроведени во периодот од мај-јуни 2025 година. 

Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со надворешните соработници каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.  

Начин  на пријавување 

За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават: 

  • професионална биографија (CV), вклучително со обуките што се посетувани и обуките каде што кандидатот бил обучувач, којашто треба да содржи и краток опис на содржината на обуките; и 
  • финансиска понуда за спроведување на обуките 

Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 27.04.2025 година со назнака „Избор на експерт за одржување еднодневни обуки за говор на омраза“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии и евалуација на финансиските понуди. 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.   

Скопје, 23.04.2024 година. 

Оваа активност се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, и под ниеден услов не ги рефлектира ставовите и позицијата на Европската унија. 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор