Koalicija szpmz

Покана за промоција на истражување

Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници Ве поканува на промоцијата на истражувањето „Колку се еднакви и безбедни младите во Mакедонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства? – Податоци од HBSCM истражувањето со млади на 15 години“.

Промоцијата ќе се одржи на 11. 01.2017, среда, во 11.00ч, во хотел Холидеј ин во Скопје.

logo koalicija SZPMZРезултатите од истражувањето ќе ги претстави Лина Ќостарова Унковска, главна истражувачка, а ќе се обрати и Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалицијата СЗПМЗ.

Оваа публикација, во најголем дел се потпира на истражувачки резултати за сексуалните однесувања, интереси и заштита кај младите (15 год.) од Македонија, добиени со нивно директно учество во меѓународната лонгитудинална (HBSC) студија. HBSC Студијата e меѓународно истражување за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11 г., 13 г., и15 г.), кое се спроведува секоја четврта година, во 44 земји од Европа и Северна Америка.

Резултатите добиени од истражувањето се први од овој тип, и имаат особено значење доколку се земе предвид дека темите за сексуалноста, за сексуалното и репродуктивното здравје на младите во Македонија се отвораат бавно и селективно, како и дека за родово-идентитетските прашања, како родовата припадност и изразување, и сексуалната ориентација сеуште не постои подготвеност да се разговара отворено и аргументирано.
Избегнувачкиот став на образованието кон темите за сексуалноста, како последица, има високи ризици како за сексуалното и репродуктивното здравје на младите, така и за нивното ментално, емоционално и социјално здравје. А токму образованието треба да биде главниот катализатор во рушење на табуата, во симнување на маските, и во поставување на овие прашања високо меѓу приоритетите на еднаквоста за подобро здравје.

Имајќи предвид дека отворањето на јавна дебата за посочениве прашања претставува прв и клучен чекор кон унапредување на добросостојба на младите во Македонија, ќе ни претставува особено задоволство доколу присуствувате на промоцијата и ги размените вашите мислења и коментари, како би можеле заеднички да работиме во иднина на подобрување на состојбата со човековите права и здравјето на младите во Р. Македонија.

Коалицијата СЗПМЗ е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор