Glokal discussions logo

Покана за промоција на анализа за кохезијата во нашето општество

Glokal discussions logoЗдружението Диверзити медиа и телевизијата Алсат М, Ве покануваат на завршниот настан од проектот Глокал Дискусии, поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

По 12-те јавни дебати на шест теми во 12 градови во Македонија, подготвивме анализа за размислувањата на граѓаните во различните средини за исти теми, која е мал прозорец низ кој се гледа колкава е кохезијата во нашето општество. Анализата е публикувана во брошура, која ќе биде промовирана на завршниот настан на проектот.

На настанот за кохезијата во општеството ќе зборуваат:
Petrus Theunisz, меѓународен тим лидер на Цивика Мобилитас
Нано Ружин, универзитетски професор
Алберт Муслиу, АДИ/аналитичар

Брошурата ќе ја престават:
Назим Рашиди, Новонар Алсат М / Претседател на Диверзити медиа
Башким Бакиу, политолог

Завршниот настан е закажан за понеделник, 07.11.2016 година, во 13 часот во Книжарата во Стара чаршија Libraria e Çarshisë во Скопје.

Glokal discussions logo

За проектот:
Граѓаните на Македонија ретко имаат можност лично да присуствуваат на дебати за актуелни теми со претставници на интелектуалната, уметничката, академската и експертската јавност на Македонија. Уште помалку шанси добиваат да почуствуваат дека на тој начин активно треба да придонесат за решавање на проблеми и подобрување на животните услови на локално ниво.

Затоа, за да се подобри состојбата со слободата на говор и да се поттикне повеќе дебати и дискусии, а воедно да се зајакне доброто владеење на локално и централно ниво, Диверзити Медиа го реализира проектот Глокал Дискусии. Во него, преку 12 јавни дискусии создадовме простор за јавна дискусија на важни теми и проблеми на државно ниво, но давајќи им можност на граѓаните на цела Македонија да се изразат и да придонесаат за овие теми. Во дискусиите беа вклучени локални креатори на политики, интелектуалци, новинари и најважно – локални жители.

Вкупно шест различни теми беа дискутирани во 12 различни града, а Диверзити медиа изработи и 12 медиумски производи од јавните дискусии, објавени на платформата на Диверзити Медиа, Алсат М Телевизија, како и на социјалните мрежи на организацијата. Изработена е и брошура со споредбени анализи за тоа како се перцепираат истите теми, односно проблеми во две различни средини.

Проектот е подржан од Civica Mobilitas, а партнер во неговото спроведување е телевизијата Алсат-М.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор