ссссссс

Погледнете го гостувањето на извршната директорка, Салија Беќир Халим во утринската програма ,,Здраво Македонијо “ емитувана од Канал 5 Телевизија.

Салија го промовираше ново отворениот центар за помош о поддршка на жени жртви на семејно и родово базирано насилство ISI ARKA – ИМА ПОМОШ, кој е единствен центар во општина Шуто Оризари и единствен кој ги нуди услугите на ромски јазик.

Во центарот може да се искористат бесплатни психо – социјални и правни услуги за жртви на семејно и родово базирано насилство.
Исто така Салија истакна во кои области делува Здружението во делот на Социјална заштита, здравствена заштита, репродуктивно здравје и дискриминација.

Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерство за Социјална политика, демографија и млади – истакна дека ги подржува и охрабрува сите кои што сакат
да основат Здруженија за спречување на семејно и родово базирано насислтво, трговија со луѓе, згрижување на семејства, деца без родители, деца на улица, кои целосно ќе ги подржува се со цел граѓаните да добијат навремена заштита и превенција.

Погледнето ја целосната емисија на следните линкови:
https://youtu.be/v9dbNHRD7tA?si=K8flLDt3uEgBho4Z

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ ОД ШУТО ОРИЗАРИ Скопје

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор