Img 7343 1536x1152 1 800x450

Одржана седма седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година

Се одржа седмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт2024–2026, на која беа разгледани и дискутирани клучни прашања од интерес за Советот и Партнерството. На седницата активно учествуваа 12 членови и 4 заменик-членови на Советот.
Министерството за јавна администрација обезбеди стручно-административна поддршка за подготовка, организација и спроведување на видео-седницата преку порталот www.ovp.gov.mk.
Во пресрет на отпочнување на процесот на ко-креирање на седмиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 година, Советот ги усвои следните документи:
  • Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Партнерство за отворена власт“ со временска рамка;
  • Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 година со Пријава;
  • Критериуми за оценување на релевантноста и поврзаноста на заложбите од процесот на ко-креирање на акцискиот план со начелата на Партнерството за отворена власт;
  • Едукативен материјал за Партнерство за отворена власт.
Со ваквиот пристап се обезбедува систематизиран начин на планирање и спроведување на процесот на консултации, со цел навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на новиот Национален акциски план 2026–2028 година.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

    На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026. Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето…

  • Работна средба со извидниците на Првата извидничка чета од Поликастро

    На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да…

  • Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

    На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред Процедурален дел: Отварање на Собранието Воведен збор на старешината Избор на работни тела на собранието Работно претседателство –…

  • Реакција за Предлог-законот за високо образование

    Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на […]
    The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор