Од работилници до иницијативи: Женски активизам за родово инклузивни и одговорни општини од Источен регион
Во рамки на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, успешно ги реализиравме работилниците „Застапување за родово одговорно буџетирање и подготовка на родово буџетски иницијативи“ во Делчево, Штип и Виница, со што беа опфатени над 60 жени од рурални и урбани средини, како и носителки на одлуки на локално ниво.


Преку овие работилници, учесничките имаа можност да ги продлабочат своите знаења за родово одговорно буџетирање, да се запознаат со механизмите на граѓанско учество во креирањето на локалните политики и да подготват конкретни родово буџетски иницијативи. Посебен акцент беше ставен на јакнење на нивните капацитети за застапување, аргументирано претставување на предлози и конструктивен дијалог со општинските структури, бидејќи во периодот што следи тие ќе поднесуваат родово буџетски иницијативи до споменатите општини.
Вклучувањето на жени од различни заедници, и од рурални и од урбани средини овозможи размена на искуства и идентификување на реални предизвици со кои се соочуваат на локално ниво. Присуството на претставнички од општинската администрација и други носители на одлуки придонесе кон градење мостови на соработка и отворање простор за понатамошни конкретни иницијативи.
Со овие активности се зајакнува локалното женско лидерство и се поставуваат темели за поинклузивни, транспарентни и родово одговорни општински политики и буџети.
Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ го спроведува Гласен Текстилец во партнерство со здружението ЕХО Едукативно-хуманитарна организација Штип и здружението Иницијатива на невработени интелектуалци Виница. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени во оваа објава не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45559](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/untitled_design1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45421](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/screenshot-53-768x421.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45424](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/ini-3-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45554](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/online-med-2-768x419.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45557](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/ai-vo-redakciite-2-768x429.webp)
