Финансиската транспарентност, парафискалните давачки и јавните набавки во општините беа теми на првата обука од програмата за јакнење на капацитетите на локалните чинители, испорачана од проф. Борче Треновски. Претставници од локалните администрации, организации и активисти учествуваа на оваа динамична и интерактивна онлајн сесија, преку која стекнаа нови знаења, но и дискутираа за постоечките проблеми на локално ниво.
 
Активноста ја реализира нашиот партнер AGORA, во рамки на проектот за финансиска транспарентност на општините, финансиран од Delegation of the European Union, Skopje, а имплементиран од Finance Think, Agora, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер.