Ruralna koalicija

Објавен првиот туристички водич за Кичевскиот регион и реонот на Илинска планина

Објавен првиот туристички водич на локалитети на територијата на Општина Кичево и реонот на Илинска планина

📣Благодарение на поддршката на CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“, Рурална Коалиција со поддршка на локалните туристички водичи и познавачи на областа успеа да го изготви првиот туристички водич кој што говори за локалитетите кои што се вредни за посета и кои што кријат недопрена природа, но и бизни можности за рурален развој и туризам

📣Преку промоцијата на водичот и неговото доставување до сите чинители во секторот туризам и рурален развој, ќе се зголеми бројот на посетители на регионот, но ќе се создадат и можности за вложување во развојот на руралните средини во реонот на Илинска планина што пак ќе овозможи унапредување како на локалниот економски развој, така и на креирање на одржлив рурален развој

📣Целосниот водич може да го прелистате тука: https://online.fliphtml5.com/lkftr/zoqi/index.html

📌Овој туристички водич е изработен во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ финансиран како подгрант кој што го спроведува Рурална Коалиција, а во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи“. Проектот се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ. Поддршката на ЦНВП за производство на оваа публикација не претставува одобрување на содржината која ги одразува само гледиштата на авторите и ЦНВП не може да биде одговорен за каква било употреба што може да се направи на информациите содржани во неа.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор