[Aggregator] Downloaded image for imported item #46377

Нова категорија за прв пат: Награда за родово одговорни семејни политики

Клубот на одговорни бизниси на Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд, го проширува повикот „Предводници на одржливиот развој“ со нова категорија што се воведува за прв пат: Награда за родово одговорни семејни политики. Категоријата се воведува со поддршка на програмата „Проширување на изборот“, што ја спроведуваат Конект и Фондот за население на ОН (УНФПА), а е финансиски поддржана од Австриската агенција за развој (АДА).

Компаниите и поединците во нив се двигатели на одржливиот развој. Ги бараме најдобрите практики на компаниите во Северна Македонија за да ги одликуваме приодите коишто прават значајни чекори кон одржлив развој создавајќи подобро општество. Придружете ни се во прославата на најдобрите практики и иновации што трансформираат и градат подобра иднина на нашата држава.

Оваа награда е за компании коишто покажуваат лидерство и системски пристап во воведување родово одговорни семејни политики  и мерки за баланс помеѓу приватниот живот и работата, со мерливи придобивки за вработените и бизнисот. Бараме практики што ги надминуваат законските обврски, се вградени во HR/ESG практиките во компанијата и носат правичен пристап за различни групи вработени (родители, татковци, самохрани родители, згрижувачи, лица со попреченост, сменски работници и др.) во Република Северна Македонија.

Критериуми: импакт, инклузивност, одржливост и иновација (со чувствителност на големината и секторот на компанијата).

Кој може да аплицира: сите компании од сите сектори и големини кои се усогласени со трудовото/антидискриминациско законодавство и имаат дополнителни активни родово одговорни семејни иницијативи најмалку 12 месеци. Се предвидува доделување на 2 награди, за микро/мали компании и за средни/големи компании

Иницијативите може да вклучуваат (илустративно):

  • Родителски/негувателски отсуства над законсите обврски, финансиски топ‑ап или други олеснувања при критични животни настани.
  • Флексибилни работни ангажмани (flextime, хибрид/дистанца, скратено, job‑sharing), предвидливи смени и распоред на состаноци во „core hours“.
  • Поддршка за грижа: субвенции/ваучери за грижа за деца, грижа за возрасни или грижа за лица со попреченост; партнерства со даватели на услуги, flying nannies и сл.
  • Инфраструктура: простории за доење, „kids corner“ (каде е применливо), прилагодени простории за родители/негуватели.
  • Програми за адаптација по поролдилно/родителско/негувателско отсуство (период на воведување/адаптација, менторство и сл.).
  • Ментално здравје и/или програма за поддршка на вработени (EAP – Employee Assistance Program): доверливо советување, 24/7 линија, вебинари/ресурси и слично.
  • Правична плата и напредување: механизми за еднаква плата и напредок во карирерата, обуки за менаџери, ревизија на процеси и сл.
  • Мерење и транспарентност: редовни KPI/анкети за искуство/употреба на мерките/иницијативите, одлуки засновани на податоци, споделување на добри практики.

Потребни информации за аплицирање: Опис на иницијативата (до 1.500 зборови) вклучува:

  • Лидерство: Како лидерството е вклучено (одговорности, спонзорство, KPI, буџет)?
  • Стратегија: Како иницијативата е поврзана со HR/ESG стратегијата за делување и деловни цели и/или со други политики во компанијата?
  • Активности и процеси: Детали за мерките/иницијативите, ресурсите (луѓе/буџет/инфраструктура) и временската рамка.
  • Вклученост на засегнати страни: Кои чинители се вклучени (вработени, синдикат/совет, раководители, надворешни партнери, семејството на вработените и сл.) и на кој начин?
  • Влијание (до 750 зборови): Како иницијативата придонела за одржлива промена? Наведете квантитативни и квалитативни податоци на пример:
    • задржување на кадар по породилно/родителско (жени/мажи) отсуство vs. базна година;
    • искористеност на мерки по пол/локација;
    • намалување на отсуства;
    • зголемување на продуктивноста;
    • индекс на благосостојба/задоволство;
    • застапеност на жени во раководство;
    • индикатори за еднаква плата (доколку е применливо);
    • спроведување анализи за мерење на ефектите и носење одлуки/политики засновани на податоци.

Процес на аплицирање

  • Се аплицира со проект/иницијатива на пополнет формулар за соодветната категорија: онлајн или со испраќање на „Word“ формулар на konekt@konekt.org.mk најдоцна до 15 април 2026 година. <<линк до формулар за аплицирање>> или преземете ја word верзија од формуларот за аплицирање <<овде >>.
  • Учеството е бесплатно, а компаниите можат да поднесат повеќе пријави во различни категории.
  • Иницијативата со која аплицирате може да е нова или да се спроведува веќе неколку години. Но, за да биде подобна за овие награди неопходно е дел од иницијативата да се спроведувала во 2024 и/или 2025 година.
  • Поднесените пријави не треба да дадат општ осврт на стратегијата за одржливост или ESG на компанијата туку треба да покажат како вашата компанија вложила посебни, конкретни напори во унапредување на одржливиот развој во дадената категорија.

Евалуација и селекција на финалисти

  • Пријавите прво поминуваат евалуација на апликацијата, при што може да се освојат до 50 бодови.
  • Финалистите се избираат и продолжуваат на интервју со жири-комисија во Клубот на одговорни бизниси во Конект, Скопје. Жири-комисијата е составена од HR/DEI експерти, претставник од ресорно министерство, претставник од УНФПА, бизнис/секторски претставник, граѓански сектор/академија.
  • На интервјуто апликантите имаат 5 минути за претставување на нивниот проект, по што следи сесија за прашања од комисијата и одговори.
  • Во процесот за потреби на верификација можно е да биде побарана документација на увид или комуникација со претставници на засегнати страни.

Оценување и објавување резултати

  • Евалуацијата на апликацијата носи до 50 бодови.
  • По интервјуто комисијата доделува дополнително до 50 бодови, за максимум вкупно 100.
  • Евалуацијата ја спроведува комисија вклучувајќи експерти и/или практичари од областа.
  • При квалитативната евалуација освен специфичните критериуми појаснети во секоја категорија комисијата ќе го цени лидерството, идентификуваните потреби, конкретни постигнувања и промени како и иницијативи кои се спроведуваат посветено и долгорочно. Нема да се земат предвид кампањи и ад хок активности.
  • Комисијата ќе води грижа за големината на компаниите при доделувањето на наградите со можна категоризација на големината.
  • Врз основа на квалитетот на апликациите комисијата го задржува правото и да не додели награда.
  • Победниците ќе бидат објавени на јавен настан во Скопје и по добивање на наградата ќе бидат соодветно промовирани на разни видови медиуми.

Контакт за повеќе информации

  • Контактирајте со Клубот на одговорни бизниси на Конект на konekt@konekt.org.mk и 02 3224 198. Рок за прашања е 9 април 2026 по што ќе следи објава на одговорите.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор