23 12 2025

НОВО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОЗЕЛЕНА И ПООТПОРНА НА КЛИМАТСКИТЕ ОДНОСИ ОПШТИНА КАРПОШ

Денес, Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН и Општина Карпош потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за долгорочно партнерство во областите на заштита на животната средина, урбано зеленило и отпорност на климатски промени.

23-12-2025_2.jpg
Потпишувањето на овој Меморандум означува важен чекор кон посистематски и стратешки пристап кон планирањето на зелените површини, доследно спроведување на законските обврски и развој на конкретни пилот интервенции што ќе помогнат Карпош да стане поодржливо и поздраво место за живеење.
Соработката ќе се фокусира на:

  • зајакнување на планирањето, заштитата и подобрувањето на урбаното зеленило и зелената инфраструктура
  • промовирање и примена на решенија базирани на природата (NbS) во урбани и периурбани области
  • заедничка подготовка и имплементација на проекти насочени кон намалување на загадувањето на воздухот и справување со влијанијата од климатските промени
  • континуирано образование и вклучување на локалната заедница, образовните институции и граѓанското општество во политиките за клима и животна средина

Како дел од истата активност, беше спроведена и едукативна обука за решенија базирани на природата (NbS), со учество на претставници од општинската администрација, локалните институции и образовните установи. Обуката беше спроведена во рамките на проектот „Решенија базирани на природата за унапредување на ублажувањето на климатските промени во Градот Скопјe“, поддржан од Амбасадата на Канада преку Канадскиот фонд за локални иницијативи (CFLI).

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор