Nasilstvo Feminizam 05

Не сите мажи. Но сите мажи молчат.

Од: Калиа Димитрова
текстот е оригинално објавен на meduza.mk

Во февруари годинава, односно ако сум искрена, на Денот на вљубените, во Кинотека го гледав филмот Париз, Тексас (1984), по не знам кој пат. Како и сите филмови на Вим Вендерс, така и овој (или особено овој), ни раскажува нешто речиси непоимливо за човековата состојба – не толку преку зборовите и приказната, туку преку боите, сликите, светлото, музиката, погледите, гримасите и чекорите. Со тоа последно прегледување на филмот, се најдов себеси како не можам да се соземам од липање без да сфатам точно зошто. Околу мене повеќето луѓе беа дојдени во парови. Сфаќам, Париз, Тексас, освен што се доживува како приказна за митолошката ветена земја, истовремено се доживува и како љубовна приказна. И јас низ животот го имам доживувано така.  Развојот на филмската нарација поттикнува длабока емпатија и соживување со главниот лик, Тревис, кој со своето искинато старо одело, прашлива црвена безбол капа и дефокусиран поглед кон пустинскиот хоризонт, не се вклопува во нашата слика за како изгледа или се однесува маж кој би злоставувал жена. Кога после долгата сага Тревис конечно има шанса повторно да го види син му Хантер и да разговара со љубовта на неговиот живот и мајката на Хантер, Џејн, макар и преку стакло, тоа што целосно нè уништува не е единствено обелоденувањето на насилството кое практично ги уништило животите на овие ликови, туку когнитивната десонанца дека Трeвис, мажот со тажни очи и нежен глас е, всушност, насилник. Токму затоа овој филм е генијален. Како ретко кој филм ги прикажува нијансите на насилството и ја деконструира сликата дека мажите кои вршат насилство се монструми, општествени отпадници, карикатури на агресијата. Најчесто, тоа се луѓе кои ги познаваме, со кои разговараме. Тоа се луѓе кои ги сакаме.

Штом излегов од кино салата се сретав со еден познаник и како што е редот, разменивме по некој збор за филмот, смеејќи се дека сум видно уплакана.

„Знаеш само што не сфаќам?“, прашува познаникот. „Зошто на крај сепак не завршија заедно.“

Трепнав неколку пати во благо неверување на прашањето.

„Не го фати делот каде што ја врзал за шпорет за да не може да го остави?“, прашав делумно иронично.

„А, тоа. Да, да, ок.“

Ја споделувам оваа кратка размена зашто мислам дека е интересен показател на неколку нешта. Кога насилството не е спектакл, кога се случува во сивата зона (а не ли сè во животот се случува во таа зона?), кога е само еден дел од релација во која постојат и нежност и разбирање – или некогаш постоеле – тешко ни е да прифатиме дека истовремено може да постои и насилство. Тешко ни е да прифатиме дека оние кои најмногу ги сакаме се способни на таков начин да нѐ повредат. Тешко ни е да прифатиме дека и луѓето кои ги сметаме за добри се способни за лоши нешта. Тоа е сивата зона во која насилството најчесто се случува. Тогаш, полесно ни е да прашаме, зошто сепак не се заедно, ако толку се сакаат. Полесно ни е да си кажеме Ова што ми се случува не е насилство, зашто јас не сум тип на жена која доживува насилство. Исто како што во полиција по пријава на насилство би ни кажале дека се работи за инцидент, дека треба да му дадеме втора (трета, стота?) шанса.

А, како изгледа таа жена која доживува насилство? Kој е тој маж што е насилник?

* * *

Како повеќето жени, така и јас, бев згрозена и вознемирена од веста за Французинката Жизел Пелико. Нејзиниот сопруг Доминик редовно ја дрогирал повеќе од една декада, а потоа додека била во речиси коматозна состојба, се договарал со знајни и незнајни мажи да доаѓаат во нивниот дом за да ја силуваат. Со цел Жизел да не се посомнева во ништо, постоеле строги правила според кои се одвивало силувањето – мажите не смееле да носат парфем, а облеката ја отстранувале во дневната. Бидејќи не користеле кондоми, Жизел освен што редовно била силувана, исто така се има заразено со четири сексуално преносливи болести. Жизел, освен што била силувана, се сомневала дека има Алцхајмер поради честите главоболки, умор и вртоглавици – последица на тоа што редовно била под седативи, најчесто подметнати во нејзината вечера.

Минатата недела започна судењето за овој случај во Франција. Полицијата идентификуваше 51 осомничен од 83-те мажи што се појавија во видеата на Доминик Пелико, преку кои се обелодени овој случај. На возраст помеѓу 26 и 68 години, овие мажи потекнуваат од сите класи и сфери на животот: пожарникари, фармацевти, новинари, чувари, а многумина од нив се татковци и сопрузи. На некои мажи им било директно понудено од страна на Доминик да имаат секс со неговата сопруга „без нејзино знаење“, а постоела и објава на веб-страницата Coco.gg. Минатата година оваа страна броела 500.000 посетители месечно. Настрана страшниот факт дека за 80-тина мажи, меѓу кои и такви кои лично ја познавале Жизел, се испоставува дека се силувачи, постои и фактот дека огромен број знаеле што се случува, а одбиле да учествуваат. Прашањето кое останува да зјае, не е само тоа како е можно толку мажи околу нас да се потенцијални силувачи, туку, зошто оние другите не пријавиле?

Зошто, побогу, не пријавиле?

Овој случај доби на глобално внимание, не само поради неговата екстремна природа, туку и поради тоа што Жизел самата реши судењето да се одвива јавно, откако судот првично предложи да се одржи зад затворени врати, како што е често праксата со ваков вид на случаи. Таа им дозволи на новинарите да го објават нејзиното целосно име, а судот да изложи експлицитни видеа снимени од нејзиниот сопруг на кои се прикажани мажи кои имаат сексуални односи со нејзиното инертно тело. Таа се одлучи судењето да биде јавно во знак на солидарност со другите жени кои останале непризнаени како жртви на сексуални злосторства и во обид „срамот да прејде на другата страна“, како што истакна нејзиниот адвокат.

По обелоденување на вакви случаи, јавноста има тенденција да се фокусира на „монструозноста“ на мажот-исклучок. Во овој случај тоа би било сопругот Доминик. На тој начин, насилството кое ни е незамисливо да го поврземе со обичен човек, го препишуваме на човек кој и не е баш човек, туку повеќе е нешто како чудовиште. Така, насилството не го гледаме како составен дел од општеството кое создава услови мажите да се насилници, туку како проблем кој нас не нè засега директно. Насилството секогаш се случува некогаш одамна, некаде далеку или некому различен од нас.

Сепак, истиов овој случај е показател за тоа како навистина стојат нештата. Во ред, не сите мажи. Но барем 80 мажи силувачи и соучесници. Можеби илјадници мажи кои знаеле.

Не сите мажи. Но секогаш е маж. И најчесто е некој маж близу нас.

* * *

Еве како се чувствувам во моментов. Се чувствувам гневно, но се чувствувам и исплашено.

Како повеќето жени, така и јас, бев згрозена и вознемирена, кога во истиов месец кога ја процесирав оваа вест, прочитав дека маратонката од Уганда, Ребека Чептегеи (33), починала од изгореници, откако неколку дена претходно, додека била дома со двете ќерки, нејзиниот поранешен партнер ја полил со бензин и ја запалил. Неколку дена подоцна, ја прочитав веста дека поранешната манекенка Кристина Јоксимовиќ (38) била задавена, а потоа распарчена и изблендирана од страна на својот сопруг, кој се претпоставува дека ја малтретирал со години. Набројувам само неколку случаи кои стигаа до насловните страници периодов, пред сè заради гротескните детали и несовесната медиумска култура. Нека овие случаи бидат лица на статистиките кои со декади наназад говорат за фактот дека жените не се безбедни, а особено не се безбедни во интимни релации со мажите. Дали е потребно да прочитаме за случај на масовно силување или за свирепо убиство за да се потврди и валоризира нашиот страв кој нè демне секојпат кога се враќаме сами дома, или пак кога со денови добиваме некое упорно „здраво“, „здр“, „здраво“, „како си“ од истиот маж, или кога мажот со кој сме во врска и целосно му веруваме предизвикува љубоморна сцена ама „така покажува љубов“.

А, патем, што треба да се случи за мажите да се почувствуваат засегнати од сеприсутното насилство и закани за насилство со кои живееме ние жените? Очигледно, ни овие случаи кои ги набројав не се доволни за да ја размрдаат машката јавност. Велам „како повеќето жени, така и јас“, зашто мажите очигледно постојат во некој паралелен универзум каде повторливото „не сите мажи“ ги лишува од одговорност и заслужуваат орден што не се насилници. Во таа машка глава, очигледно, егото и репутацијата се поважни од животите на жените кои висат на конец.

И повторно се појавува прашањето, зошто, побогу, не пријавиле?

Зошто повеќето мажи што ги познавам не чувстуваат емпатија и повик за дејствување кога ќе прочитаат дека илјадници мажи си разменуваат експлицитни сликички од девојки и жени по Телеграм групи?

Зошто не сфаќаат дека ако тие не се проблемот, тогаш тоа се нивните браќа, братучеди, татковци, дедовци, другари, пријатели и познаници. Не ли сметаат дека имаат моќ да направат нешто во врска со тоа?

Зошто кога зборуваме за уште еден случај на семејно насилство или уште еден фемицид толку многу мажи сметаат дека баш тогаш е вистинската прилика да потсетат дека постојат и мажи жртви на насилство? И зошто не направиле нешто по тоа прашање ако се толку засегнати?

Зошто толку многу мажи сакаат да си играат „адвокат на ѓаволот“, баш кога оваа тема ќе се појави на маса?

Зошто толку многу мажи сè уште не сфаќаат дека вицовите за силување го нормализираат силувањето?

Зошто мажот на интернетот одвојува време да ѝ објасни на жената што всушност би ѝ се случило доколку сретне вистинска мечка во шума, наместо да се запраша зошто жените би избрале да се сретнат со мечка наместо со маж?

* * *

Еве една анегдота која вклучува еден од мажите присутни во мојот живот – татко ми. Не сакам да ја потценам интелектуалната подлога и слободарски светоглед кои делумно ги имам наследено од него и кои биле клучни во мојот развој како жена која меѓудругото е и феминистка. Сепак, имам впечаток дека тој, како и многу мажи, како да не може да ја види таа борба за своја, иако има две ќерки. (Патем, обидот да се разбуди емпатија кај мажите за овие прашања истакнувајќи дека, ако ништо друго, тогаш треба да се заложат за овие проблеми заради жените кои се веќе дел од нивите животи ми е крајно дехуманизирачки). Да се вратам на поентата. После некои стандарди два-три реда муабет, татко ми споделува нешто што дента му текнало.

„Немам јас волја ко тебе, али ќе беше фино повеќе да се заложев за правата на вампирите“, кажува во полна сериозност.

„За какви права?“, пробувам да го пофатам муабетот.

„За луѓево што сме будни навечер, што не функционираме преку ден. Вампириве… Ко ти што го правиш ова со феминизмов… Али јас за вампирите“, додаде.

Ја сфатив поентата, но веќе тргната со една нога, не знаев дали да се вратам и да жртвувам едно три саати од моето невампирско време, за да објаснам зошто се занимавам со феминизмот и дека ние жените, за разлика од вампирите, навистина постоиме. Му кажав дека добро се има снајдено ко за вампир, зошто постојат некои нешта за кои повеќе не чувствувам одговорност. Едуцирање на мажи е една од нив. Како секоја примерна ќерка, се запрашав дали да го тргнам овој дел од текстот, но потоа се потсетив дека татко ми не ја чита „Медуза“, па верувам дека нема простор да ми се налути што го користам за некоја поента.

Истиот тој мој татко, беше видно збунет, кога месец дена по оваа случка, бев сексуално нападната во влезот од нашата семејна зграда од страна на дечко кој, според него, „изгледаше нормално“. Не знам дали некој треба ова експлицитно да го изусти, но во принцип, мажите кои нè вознемируваат, злоставуваат, тепаат и, во крајна инстанца, убиваат, во принцип изгледаат доста нормално.

* * *

Со слична (машка) наивност се соочив при една размена со другар викендов. Поминувајќи на пешачки кај мене пред зграда, од првата кола која чекаше на семафорот, возачот почна да ми довикува дека сум била „преслатка и пресекси“. На истата раскрсница пред неколку месеци, исто така од кола, еден дечко излезе од прозор до половината и ми се развика „ќе ти го начукам у гз“. Намерно го изведе тоа гласно и драматично, зашто знае дека никој околу мене нема да изреагира. Дека срамот ќе биде мој, а не негов. Сепак, boys will be boys.

Во мојата глава во овие ситуации секогаш дофрлам нешто што крајно ги засрамува овие мажи. Им покажувам каде им е местото. Во реалноста, во овие ситуации најчесто се смрзнувам или се претворам во она девојченце кое во петто одделение се плашеше да помине покрај „другарите“ зашто најверојатно сите по ред ќе ја испомаваат по газ и некој нема ништо да направи во врска со тоа. Овојпат, на пример, сè што успеав да направам е да стигам до трафиката од карши и да изустам едно тужно „ненормален“ и да си купам мастики. Другар ми се појави кај трафиката и кога ме праша што ми е, зашто бев очигледно вознемирена, му покажав со прст кон возачот и му кажав дека ме замара. Девојченцето во мене повторно исплива кога сакав сите во колата да видат дека сум во придружба на машко и тоа конечно да ми даде статус на човек наместо на парче месо. Другар ми се сврте кон колата, тие навистина престанаа да ми дофрлаат, но сè што кажа тој беше: „Ако бе, баш слатко“.

Повторно, решив дека немам енергија да објаснувам дека токму овие ситуации прават да се шетам со срцето во грло секој пат кога се разминувам со група мажи и дека ваквото довикување по улици никако не може да се стави во кошот на флертување или ласкање, зашто е, најпросто кажано, предаторско однесување. Затоа што служи за на нас жените упорно, редовно, насекаде и на секаков начин да ни покаже „чии сме“, каде ни е местото и што нè чека ако ја „преминеме линијата“. Машкиот молк и неразбирање за суптилните начини преку кои се одржува и охрабрува оваа поставеност на нештата се проблем исто како и машкото насилство.

* * *

Уморна сум од многу нешта, а некаде на врвот на таа листа се машката мрзливост и неодговорност.

Пишувајќи на темава, помислив на една приказна која ми ја има раскажувано мајка ми, а е поврзана со една нејзина другарка, која заедно со тогашниот дечко (сега сопруг) студирале медицина. Бидејќи таа била поостроумна од него, ги читала сите книги и скрипти, а потоа му ги прераскажувала. Практично, студирала за двајца. Денес, тој e успешен доктор. Поуспешен од неа, нормално. Вака отприлика изгледа емотивниот и ментален труд кој треба да го вложиме ние жените за да им објасниме на мажите зошто треба да имаат став кога други мажи злоставуваат жени. Во последните напори да се наиде на малку емпатија, дури и ќе посегнеме по аргументот дека и тие се жртви на ваквата поставеност на нештата. Демек, ако не ви е гајле што секоја трета жена е жртва на вознемирување или насилство, еве, барем нека ви е гајле за вас самите. Но понекогаш ми делува дека bro code-от е посилен и помоќен од било кој крик на здрав разум, интелигенција или човечка солидарност.

Бидејќи за сите стотици гласни и горди, млади подржувачи на осудените силувачи и злоставувачи на жени – браќата Тејт, кои сметаат дека жените треба да се во сопственост на мажот, постојат можеби тројца феминисти во нашето пошироко опкружување, за кои знаеме дека се подготвени да направат трансгресија и да го „предадат“ машкиот род со тоа што ќе кажат и покажат дека и жените се луѓе.

* * *

Каде с(т)е останатите?

Прашањево го поставувам срамежливо, зашто знам дека како и сите моите текстови, така и овој, ќе биде читан првенствено од жени. Не дека тоа на било кое ниво ќе ме спречи да пишувам. Периодов се потсеќам на едно перверзно и неосновано „каде се феминистките“, кое како ехо се ширеше во јавниот простор пред неколку години, по секоја вест, дојава, глас поврзан со било каков вид на насилство или неправда. Небаре феминистките ги држат сите конци во раце или имаат магично стапче што може преку ноќ да донесе мир во светот. Реалноста е, феминистиките се тука. Жените кои се занимаваат со бројните последици на машкото насилство се тука. Дел од жртвите се тука, дел, за жал, не се. Каде се мажите?

Феминизмот некогаш одамна западна во замката на себе-објаснување и себе-оправдување, како да не е јасно како ден зошто е потребен и важен како политичка сила (и) денес. И јас сум потрошила часови и часови од мојот еден, драгоцен живот, објаснувајќи како феминистиките не мразат мажи. Се прашувам колку мажи околу мене биле ставени во позиција да докажуваат дека не мразат жени, со оглед на фактот дека насилството против жените најчесто го вршат мажи. И знам кој е одговорот. Мажите не се чувствуваат засегнати, зашто од нив не се очекува одговорност. Зашто мислат дека е доволно тоа што не вршат насилство.

Со оглед на околностите, всушност, изненадувачки е што не ги мразиме мажите. Изненадувачки е дека сè што бараме е мир и правда, а не одмазда. Можеби е изненадувачки што бараме сојузници, партнери, пријатели… Изненадувачки е што, всушност, сме способни да ги сакаме мажите. Се прашувам колку од нив се способни вистински да ги сакаат жените, отаде концептот „би убил за мајка ми“. Се прашувам колку од нив сфаќаат зошто љубовта која завршува со врзување за шпорет не е вистинска љубов. Се прашувам колку од нив сфаќаат дека за воопшто да е возможна љубов, мора да постои одговорност. И мора да постои правда.

Се прашувам и сè уште не можам да разберам, зошто не пријавиле?

Знаете кој пријавил? Жена. Жена во супермаркет која забележала дека е тајно снимана од страна на Доминик го пријавила случајот, а полицијата случајно ги нашла стотиците снимки од масовните силувања на Жизел во нивиот дом. Како што се случувало секогаш низ историјата, сега Жизел е таа која треба да ја носи оваа борба на својот грб и да биде храбра. Жените се злоставувани на сè порадикални и дехуманизирачки начини, а мажите едноставно немаат став по прашањето.

Знаеме дека не-сите-мажи, но како да знаеме кои? Како да знаеме кои се со нас ако тоа не е кажано или покажано? Гневна сум и исплашена, зашто се чувствувам како да сме оставени сами.

За да е возможен животот, мора оваа борба да стане заедничка.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор