003

Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации

На 22 ноември 2023 г. во Велес се одржа промотивен настан на тема – „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“ со цел промоција на постигнатите резултати од мониторингот на изборните ветувања на политичките партии, како и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното.
Бети Пеева, претседателка на ЕХО, го претстави моделот на ЕХО во мониторирање на општините, вклучувањето на жените во креирањето на политики и подготовка на родово одговорни буџети преку доставување и усвојување на родово буџетски иницијативи. Притоа ги презентираше успешните приказни и позитивната пракса од Општина Штип, а учесниците имаа можност да слушнат искуства за примена на различни мониторинг методологии и да ги збогатат своите знаења за начините и исходите од следење на активностите на локалните самоуправи.
Настанот беше дел од активностит кои се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во
Северна Македонија“ поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Едукативно хуманитарна организација – Ехо

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор