20241207 06 1004x1024.jpg

НАСТАН ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕТСА, ДОСТАПНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА И ПОСТАПКИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАСИЛСТВО

„ПРЕКИНИ ГО МОЛЧЕЊЕТО, ЗАПРИ ГО НАСИЛСТВОТО“

На 07 декември 2024 година, во општина Кочани се одржа едукативна работилница со предавања на теми подигнување свеста, достапни механизми за заштита и постапки за пријавување на насилство.Настанот беше дел од Меѓународната кампања „16 дена активизам за елиминација на насилството врз жените и семејното насилство“.

Работилницата ја водеше Мартина Гагоски, Правник. Ги запознаа присутните со методи за препознавање на различните форми на насилство, како и со мерките за превенција и заштита што се на располагање на жртвите.

Овој настан имаше за цел да ја подигне свеста за овие сериозни прашања и да ги поддржи жртвите на насилство.

Присутните, поголем дел од времето, дебатираа за психолошкото насилство, дискутирајќи за неговите влијанија и начини за справување со него. Учесниците вклучуваа примероци (хипотетички) кои изразија голема посветеност во борбата против насилството и создавањето на безбедна средина за сите жртви.

Настанот ја потврди важноста на едукацијата како средство за подигнување на свеста за личната безбедност и зајакнување на колективната одговорност во борбата против насилството. Учесниците беа поттикнати да бидат активни носители на промени, со цел да се создаде општество ослободено од насилство.

Искрена благодарност до присутните.

Овој значаен настан е  дел од партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество.“ се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“, Скопје и проектните партнери Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“– с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“, Желино.  Поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ.

Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот„ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор