Den Na Volonteri

Меѓународен ден на волонтери!

По повод 5 декември, Меѓународниот ден на волонтерството, организиравме настан „Инспиративни разговори за волонтерството“ во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА.

Со радост ја поздравивме Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која ги охрабри младите да се вклучат во волонтерски активности и да бидат катализатори на позитивни промени во заедницата.

На настанот, зборуваа и успешни личности од Прилеп – Игор Трпчески, Ангела Стојческа, Елизабета Филипоска и Андреа Гагалеска, кои споделија инспиративни искуства и ја нагласија важноста на волонтерството како клуч за личен и општествен развој.

Волонтирањето е многу повеќе од помагање – тоа е создавање на подобра иднина и промена на животите на поединците и заедницата. Нека оваа средба ни биде поттик да продолжиме да инвестираме во заедницата и да инспирираме нови генерации на млади лидери! 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение МЛАДИНСКИ СОВЕТ Прилеп

Продолжи со читање

  • КОНФЕРЕНЦИЈА | ФЕР ИГРА: EДНАКВОСТ И НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ВО СПОРТОТ

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Олимпискиот Комитет (ОКСМ), Ве покануваат на конференцијата: „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот.“ Ве молиме пријавете го учеството на следниот линк: https://ee.kobotoolbox.org/x/NMnvO5ol најдоцна до 08.03.2026г. Конференцијата има за цел да отвори јавна и институционална дискусија за состојбите…

  • Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување!

    Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка. Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано […]
    Read More… from Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување!
    The post Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Покана за панел дискусија

    Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на панел-дискусијата на тема: „Жените на работното место: предизвици и проблеми

  • Успешно реализиран #ЗеленПеток 5: „Размена наместо отпад“

    Петтиот #ЗеленПеток го одбележавме со акцијата „Размена наместо отпад“, иницијатива што ја слави повторната употреба и одговорната потрошувачка. Настанот беше најавен ден претходно во утринската емисија Македонија наутро на Македонска радио телевизија, што придонесе за поголема информираност и вклученост на граѓаните. Акцијата предизвика значителен интерес и позитивен одзив од заедницата. Околу 30 граѓани учествуваа во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор