634957476 1318741253611732 9099016261132662439 n

Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола

Над 200 милиони евра годишно се издвојуваат за државна помош во Северна Македонија, но средствата се раштркани низ различни институции, што го отежнува нивното следење и управување. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра (околу 1,5% од БДП), а во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52% од БДП.

Овие прашања беа во фокусот на регионалната панел-дискусија „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“, организирана од „Фајненс тинк“, на која учествуваа над 40 претставници од институциите од земјите на Западен Балкан. Заклучокот беше јасен: неопходно е воспоставување централен регистар за државна помош, кој ќе овозможи подобра транспарентност, координација и мерење на ефектите од различните програми.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека станува збор за сериозен фискален износ кој мора да се третира како инвестиција, а не како товар:

„Државната помош не смее да претставува товар за јавните финансии, туку треба да биде инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра или околу 1,5 процент од БДП, додека во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52 процент од БДП, што ја нагласува потребата од високо ниво на отчетност и транспарентност.“

Извршната директорка на „Фајненс тинк“, Благица Петрески, посочи дека во моментов недостигаат микро-податоци за тоа кои компании ја добиваат помошта, од кои сектори и за кои цели, што го ограничува квалитетот на креирањето политики.

„Наша препорака е што побрзо да биде изграден тој централен регистар за државна помош затоа што тука има широка палета програми што се нудат и на тој начин не само што ќе се подигне транспарентноста, туку и ќе може подетално да се мерат. Кога се планира да се воведе одредена мерка или програма, задолжително е да се направи импакт евалуација на можните ефекти или кога ќе биде спроведена, да биде измерена за да не се прават грешки како во минатото кога се трошеа многу средства, без конкретни ефекти. Државната помош е една од најпотценетите теми затоа што издвојувањето од Буџетот по оваа основа изнесуваат во некои години дури и 2 процента од БДП, особено во кризни периоди.“

The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола appeared first on Finance Think.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување

    Finance Think го поддржува порастот на минималната плата за да го зачува животниот стандард на примателите. Клучното прашање не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи. Непропорционално и значајно зголемување на минималната плата и сите останати плати во економијата без паралелно зголемување на новосоздадената вредност крие […]
    The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување appeared first on Finance Think.

  • Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан

    Денешната панел-дискусија, „Јакнење на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефикасност и усогласување со ЕУ“, обедини разновидна група носители на политики, претставници на јавни институции од Западен Балкан, меѓународни организации, како и актери од истражувачката и граѓанската сфера. Дискусијата истакна дека државната помош често се перципира како техничко или административно прашање, додека во […]
    The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан first appeared on Finance Think.
    The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан appeared first on Finance Think.

  • Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка

    Назив на работно место: Финансиски менаџер/финансиска менаџерка Краен рок за пријавување: 26 февруари 2026 година (четврток), 23:59 часот Електронска адреса за поднесување на апликацијата: helkom@mhc.org.mk Почеток на ангажманот: што е можно поскоро Месечна нето плата: почетна 50.000,00 денари Апликациите задолжително гласат на име „Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка“ и сите документи се поднесуваат во pdf формат […]
    Read More… from Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка
    The post Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ромките и доенчињата и понатаму се соочуваат со сериозни бариери во пристапот до бесплатна и квалитетна здравствена заштита, и покрај постоењето на државни превентивни програми – беше заклучено на консултативната работилница одржана на 13 февруари, во Скопје

    Теренското истражување покажа дека дел од бесплатните гинеколошки услуги се наплатуваат, често без фискални сметки, што создава дополнителен товар за […]

  • Отворен ден за граѓаните за претставување на работата на велешкиот одред

    Во рамките на крводарителската акција на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес која се одржа на 15.2.2026 год. (недела) во рамките на прославата по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, пред  зградата на велешки театар “Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“, советот на водачи на одредот организираше и отворен ден….

  • Крводарителска акција “Направи добро дело“ по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците

    На 15.2.2025 год. (недела) по повод 22 февруари Светскиот ден на извидништвото , извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, огранизираше крводарителска акција под мотото “Направи добро дело“. На оваа акција се собраа 45 крвни единици од кои петмина прват даруваа крв. Истата се изведе во просториите на Народен театар Џинот….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор