Национален монитор за реформи во јавната администрација – 2021/2022

Националниот монитор за Реформи во јавната администрација (РЈА) за Северна Македонија 2021/2022 е резултат на мониторингот извршен во 2021 и 2022 година од страна на тимот на ЕПИ и ги покажува клучните наоди од шесте области на РЈА дефинирани со начелата на јавната администрација (принципи на СИГМА). Се работи за трет систематски мониторинг на РЈА направен во регионот од страна на граѓанското општество, кој нуди не само споредби помеѓу администрациите на Западен Балкан (ЗБ) туку и споредба со основните наоди на мониторот на РЈА од 2017/2018 година и 2019/2020 година.

Извештаите на мониторот за РЈА се засноваат на сеопфатна методолошка рамка дизајнирана од истражувачкиот тим на ВеБЕР, која комбинира квантитативни и квалитативни извори на докази. Со принципите на СИГМА како основа на мониторингот, извештаите се комплементарни на сличната работа на СИГМА/ОЕЦД и Европската комисија, а се разликуваат по тоа што им нудат на граѓаните и граѓанското општество перспективи на овие принципи. Заедно со овој компаративен регионален извештај, пакетот РЈА Монитор се состои од шест национални извештаи со наоди за вкупно 23 сложени индикатори за следење на избраните принципи на СИГМА.

Во согласност со мисијата на ВеБЕР, овие вежби за мониторинг се водат од неопходноста да се зајакне притисокот од страна на граѓанските организации од регионот за РЈА, особено од гледна точка на одржување на интересот за овие реформи, во случај на олабавување на условеноста на ЕУ што може да дојде со членството во Унијата. До сите наоди од овој извештај и од првичниот монитор за РЈА од 2017/2018 може да се пристапи и тие да се споредат на Регионалната табла за резултати во областа на РЈА на: www.par-monitor.org.

The post Национален монитор за реформи во јавната администрација – 2021/2022 appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор