Zelen institut

На Струмица ѝ треба решение  со селекцијата на отпад

Големо мнозинство од испитаниците од Струмица (91,2%) се загрижени дека граѓаните несовесно фрлаат ѓубре, а помалку од половината (46,2%) сметаат дека општината не се грижи за постапувањето со отпадот. Сличен е процентот и на оние кои сметаат дека комуналното претпријатие не работи за намалување на загадувањето преку селектирање и рециклирање (48,8%). Ова го покажаа резултатите од анкетата која ја направи здружението Зелен институт во општина Струмица.

Анализата на резултатите ја презентираа Лилјана Поповска и Ана Петровска од Зелениот институт на 26 јануари 2023 година во салата на Советот на Општина Струмица пред 27 учесници меѓу кои и градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на советот Марјан Даскаловски, советникот Ѓорги Танушев, претставници на општината и јавното комунално претпријатие, како и заинтересирани граѓани и медиуми. Покрај за проблемите, се дискутираше и за можните решенија.

Зелен институт, преку својот проект „Селекција и рециклажа на отпадот за намалено загадување во општините Струмица, Ново Село и Босилово“ ја набљудува работата на независните советници од листите на „СТИГА Е“. Фокусот е на нивното предизборно ветување за селекција и рециклирање на отпадот. Иако мнозинството испитаници сметаат дека досегашните заложби во борбата против загадувањето од депониите се недоволни, сепак, прашани за конкретни мерки кои ги преземаат советниците од оваа иницијатива, граѓаните најчесто го препознаваат чистењето отпад, повикот до градежните компании да не фрлаат градежен шут на несоодветни локации, работата во Советот на општината особено поврзана со носење одлука за селекција и рециклирање итн.  Отпадот е горливо прашање во регионот, со голем број диви депонии преполни со пластика и биомаса, кои ја загадуваат почвата и водите, но и лесно се палат и го загадуваат воздухот. Раководителот на сектор во комуналното претпријатие, Бранко Георгиев, се пожали на слаба заинтересираност на граѓаните и рече дека само 48 граѓани учествувале во селекцијата на отпад со пластични кеси поделени од општината во последниве шест месеци. На тоа Митко Гогов предложи да се воспостават т.н. еко-маала кои би селектирале и би биле пример за останатите.

Zelen institut 2

Самите анкетирани граѓани сметаат дека се еколошки освестени. Вкупно 93,8% рекле дека знаат да селектираат и рециклираат, 72,5% ја одвојуваат пластиката и хартијата, а 80,0% го селектираат стаклото. За жал, 85,0% рекле дека немаат во близина контејнер за рециклирање, а 98,8%  би селектирале ако имаат услови. Граѓаните се грижат да се намали загадувањето (92,5%) и сметаат дека градоначалникот и советниците треба итно да овозможат услови за поголема селекција и рециклирање (96,2%) на отпадот.

По дискусијата беше заклучено дека е потребна информативна кампања за граѓаните, проследена со подготовка од општината за договори со колективни постапувачи, поставување контејнери и утврдување чекори за постапување. Сите се согласија сево ова да се најави и промовира на еден граѓански форум на почетокот на април.

Анкетата и работилницата се овозможени со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Zelen institut 1

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор