МултиперспективносВтората дијалошка средба, во рамките т, соочување со минатото и транзициска правда

Мултиперспективност, соочување со минатото и транзициска правда – реализација на втора дијалошка средба

Втората дијалошка средба, во рамките на проектот „Токлување на заедничката историја на современото време“ ја одржавме на 13ти и 14ти ноември 2020.  Реализацијата на средбата беше преку користење на платформата ЗУМ.

Мировна акција и АНИМ, преку реализацијата на дијалошките средби, продолжуваат да се залагаат за остварување на специфичната цел од проектот: Зајакнати капацитети на наставниот кадар по историја од основните и средните училишта од Република Северна Македонија за критичко согледување на етноцентричните историски наративи и начините на кои се изведуваат часовите по историја.

Мултиперспективноста, соочување со минатото и транзициската правда се клучни теми кога разговараме за изградба на партнерства за мир. Овие теми беа обработени преку реализација на интерактивни работилници, користејќи техники за работа во групи, презентации, дискусии во пленум, асоцијации и барометар.

Етничките идентитети, овој пат ги разгледавме низ работилница на тема: Односот на нашите општества кон минатото на етнички конфликти. Етничкиот идентитет е тема која е централна и низ чија призма разговараме, споделуваме и градиме доверба во групата.

Пристапот кој го користиме е вклучувачки, се темели на искуствата и ставовите кои учесниците и учесничките ги имаат и споделуваат во групата согласно, темите кои ги работиме.  Ваквиот пристап, отвора простор за дијалог кога разговараме за тешки теми, гради доверба и во исто време дава простор за анализа на прашањата поврзани со етничките конфликти. Водечки прашања за дискусија беа: Како вашата средина се однесува кон минатото на етнички конфликти? За што од тоа минато се зборува / шепоти / молчи? Како реагираат луѓето на тие приказни? Како вие лично се чувствувате заради сето тоа?

Се работеше и разговараше по овие прашања, и беше потенцирано дека темите треба да се отвораат, да се разговара помеѓу професорите и професорките по историја, дотолку повеќе поради фактот што учениците немаат информација за скорешното минато, а во учебниците и не постои наставна единица за скорешната историја од 2001.

Тренерскиот тим за оваа дијалошка средба беше: Мире Младеновки од АНИМ, Емрах Реџепи и Боро Китаноски од Мировна акција.

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор