Младите од општина Кривогаштани бараат Локален Младински Совет

Младите од општина Кривогаштани бараат Локален младински совет

Младите од општина Кривогаштани денес спроведоа акција со која повикаа на ИТНА заложба за формирање на Локален младински совет.

Младите испратија порака дека е потребно младинско учество во пракса, а не само на хартија и дека постоењето на Младински совет е право, а не привилегија.

Акцијата беше поттикната од млади од општина Кривогаштани кои беа дел од работилницата за младински креативен активизам во Велес организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права, а поддршка дадоа голем број млади лица од општина Кривогаштани.

Иницијативата има за цел да овозможи учество на младите во процесите на носење одлуки кои нив ги засегаат на локално ниво, како и нивна зголемена активност во подобрување на животот во локалната заедница.

Со формирање на Локалниот младински совет во општината младите добиваат загарантиран канал за комуникација со локалните власти, се осигуруваат дека ќе се слушне нивниот глас и активно се вклучуваат во развој на локалната заедница од перспектива на младите и идните генерации.

Локалните креативни акции предводени од млади се организирани во рамките на проектот  „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка” поддржан од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор